Сончево и топло, така ќе биде и викендов


Денеска времето во цела Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 30, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 35. И за утре прогнозата е сончево и топло со слаб до умерен ветер […]

Македонските официјални претставници веруваат во изнаоѓање решение со Бугарија, двете страни да излезат победници


Лавина реакции од македонски официјални претставници предизвика вчера изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако Мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања. Главно сите сметаат дека ќе се изнајде заедничко решение со Бугарија, во духот на […]

Хронично болните до 23 септември треба да добијат потврда од специјалист, Филипче уверува дека нема простор за паника


Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-Амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да […]

Намалување на невработеноста, повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните, владини приоритети


Намалување на невработеноста по три проценти годишно, стимулирање на пораст на платите, борба за секое работно место, продолжување на субвенционирањето на придонесите за фирмите и на активните мерки за вработување, поддршка за вработување на младите лица, се само дел од мерките што планира да ги спроведе Владата во овој мандат во насока на подобрување на […]

„Незаборавни“: Биба Додева се враќа на сцената со нов албум


Првото издание на Скопски градски фестивал ќе се одржи вечер на плоштадот Мајка Тереза. Фестивалот е во организација на Баги Комуникации, а со поддршка од Град Скопје. Програмата на фестивалот, како што соопштија организаторите, е концепирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Тој е еднодневен фестивал, концепиран како градски музички фестивал, […]

Пензионирањето на 64 години ќе биде задолжително


Носиме одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години, рече синоќа премиерот Зоран Заев во интервјуто на МТВ. Тој истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен […]

Рекорден број новозаразени во Франција


  Според последните извештаи, во Франција во последните 24 часа регистрирани се рекордни 9.843 нови случаи на инфекција со корона вирус. Ова е нов рекорд за само шест дена, откако беше забележан најголемиот дневен пораст од 8.975 новозаразени, пренесува Ројтерс. Како последица на Ковид-19 во Франција починале уште 19 лица, а вкупниот број жртви е […]

Заразени околу 13.000 вработени во училиштата во Италија


  Во Италија до сега на Ковид-19 се тестирани околу 50 отсто од вработените во училиштата, што се околу 500.000 наставници и ненаставен кадар. Од нив 2.6 отсто биле позитивни на Ковид-19, односно околу 13.000 луѓе. Овие податоци се на канцеларијата на специјалниот комесар за вонредни ситуации ДОменија Аркурија. Најмногу тестови се направени во ломбардија, […]

Како Бугарија стана мафијашка држава на ЕУ


Протестите на кои се бара оставка од премиерот Бојко Борисов траат веќе два месеци   Два месеци Бугарите ги полнат улиците секоја вечер во знак на протест дека олигархиската мафија ја заробила државата и го проширила својот опфат длабоко во институциите како што се судството, медиумите и безбедносните служби. Тие бараат оставки од премиерот Бојко […]

Заев: Државата прогресира, а Мицкоски протестира заради фотелјата


Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа „здрава логика“ да се протестира за покачување на струјата. Според него, струјата сега е поевтина во споредба со 2017 година. Во интервјуто на МТВ Заев рече дека просечната сметка за струјата во 2006 година била 822 денари, а во 2017 1.635 денари, односно зголемана за 100 проценти. Премиерот […]

Одлуката за училиштата ќе се раководи од здравјето на децата, вели Заев


  Македонија ги следи искуствата на другите држави околу враќањето на децата во училиштата и одлуката ќе биде донесена  внимателно и со сите премерувања на користа и можните ризици. Во интервју со повеќе новинари на МТВ премиерот Зоран Заев изјави дека ги гледаат искуствата од други земји, како германија или Израел, кои се соочија со […]

СЗО: Случајот со АстраЗенека е повик за тревога


Паузата што ја прави АстраЗенека со вакцината за коронавирусот откако на еден од учесниците во испитувањето се разболел, е „повик за тревога“, но тоа не треба да ги обесхрабри истражувачите, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). – Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да […]

Нови неволји за Кевин Спејси: Двајца мажи поднесоа тужба за сексуално злоставување


САД-Актерот Ентони Рап и уште еден маж поднесоа тужба во средата против Кевин Спејси, обвинувајќи го за сексуални напади во осумдесеттите години кога биле тинејџери. Рап, кој глумеше во „Изнајми на Бродвеј“ и во „Ѕвездени патеки: Откритие на ТВ“, прв пат се изјасни против оскаровецот Спејси во 2017 година, одлука што доведе другите да проговорат […]

Македонија домаќин на квалификацискиот турнир за СП


Македонија ќе биде организатор на женскиот ракометен квалификациски турнир за настап на Мундијалот во 2021 година, откако претходно Грција се откажа од тоа право. Нашата репрезентација ќе биде домаќин и на селекцииите на Литванија и Исланд во ноември. Двете најдобри селекции ќе обезбедат настап во бараж-мечевите на настап на Светското првенство. „Жолто-црвените“ првиот натпревар ќе […]

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка бараат државата да ги преземе нивните побарувања


Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса. За ова барање, од Здружението посочуваат дека доставиле предлог закон на состанокот […]

Заев и Битиќи се сретнаа со претседателот на Грчката бизнис асоцијација


Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис асоцијација во Скопје и со претставници од Асоцијацијата, во којашто членуваат големите грчки компании, кои работат во државава. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се изразени честитки за изборот на […]

Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра


Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена. Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето. Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето. Поставувањето три […]

Нов зелен плоштад кај „Млин Балкан“


На јавната парковска површина која е лоцирана пред и зад амбулантата „Млин Балкан“,  Град Скопје од денеска уредува нов зелен плоштад. Целосната површина на предниот и задниот парк ќе се преработи со тоа што само високото зеленило ќе се остави и вклопи во новата концепција на уредување на просторот. Делот на паркот кој е лоциран […]

„БП“ инвестира над една милијарда долари во електрична енергија од ветер во САД


Британската нафтена компанија „БП“ денеска објави дека влегува во крупен проект за развој на ветрени електро станици развивани од норвешката енергетска компанија „Еквинор“. Спогодбата налага „БП“ да вложи 1,1 милијарда долари за 50 отсто удел во проектот, што е најзначајна сума на „БП“ досега инвестирана во областа крајбрежна ветерна енергија. Ветерните фарми „Еквинор“ ги развива во морските […]

На протестите во Бугарија уапсени шест лица


На денешните протести против корупцијата, Владата и државниот обвинител во Бугарија се уапсени шест лица затоа што наводно носеле забранети предмети. Протестите се одржуваат во главниот град на Бугарија веќе 64 дена, а учесниците почнаа да се собираат на главниот плоштад утрово во нешто поголем број од вообичаено. Голем број полицајци се присутни околу зградите на Парламентот, Владата и Претседателството, а како што е наведено, при […]