Сончево и топло, така ќе биде и викендов


Фото: Б. Грданоски

Денеска времето во цела Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 30, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 35.

И за утре прогнозата е сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец и дневни температури од 26 до 35 степени.