Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра


Фото: Б. Грданоски

Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена.

Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето.

Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето.

Фото: Б. Грданоски

Поставувањето три стебла во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, под агол од 45 степени во однос на течението на Вардар, обложени од надворешната страна и горната површина на ѕидовите со полиран инокс, предизвика полемика во јавноста за нејзината основаност и оправданост.

Тие се водат како скулптури и своевремено авторката Искра Димитрова тврдеше дека тие се уметничко дело, а не садници, 250.000 колку што чинеа, не биле дадени само за садници, туку за целиот проект.