Одлуката за училиштата ќе се раководи од здравјето на децата, вели Заев

Македонија ќе ја купи руската авакцина за Ковид-19 ако Светската здравствена организација потврди дека е добра, вели Заев

 

Македонија ги следи искуствата на другите држави околу враќањето на децата во училиштата и одлуката ќе биде донесена  внимателно и со сите премерувања на користа и можните ризици. Во интервју со повеќе новинари на МТВ премиерот Зоран Заев изјави дека ги гледаат искуствата од други земји, како германија или Израел, кои се соочија со многу проблеми откако децата се вратија во училиштата.

„Следејќи ги искуства каде што тргнаа школските години имаме земји како Германија каде што уште при крајот на август се отворија училиштата и видовме како се случи да се затворат 40-50 училишта, Израел беше исто така еклатантен пример“, рече Заев. Според него, друг важен аспект се болничките кревети кои што ни стојат на располагање заради. „Државните капацитети мора да бидат подготвени и во најлесни случаеви и во најтешки. Кога се работи за децата никако не смееме да дозволиме да бидеме во состојба да бираме кои 20 кои 30 деца ќе бидат примени во болница или не. Тоа не смееме никако да го дозволиме“, истакна премиерот.

Заев изјави дека Македонија ќе ја купи руската авакцина за Ковид-19 ако Светската здравствена организација потврди дека е добра.