Рекорден број новозаразени во Франција


 

Според последните извештаи, во Франција во последните 24 часа регистрирани се рекордни 9.843 нови случаи на инфекција со корона вирус.

Ова е нов рекорд за само шест дена, откако беше забележан најголемиот дневен пораст од 8.975 новозаразени, пренесува Ројтерс.

Како последица на Ковид-19 во Франција починале уште 19 лица, а вкупниот број жртви е 30.813.

Вкупно од почетокот на пандемијата заразени се 353.944 лица.

Во болница се 93 пациенти, а бројот постојано расте во последните 12 дена.