Серeна изненадувачки елиминирана од Азаренка на УС Опен


Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен.

Во мечот од полуфиналето, тенисерката од Белорусија се врати по загубата на првиот сет и ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 за 1 час и 56 минути.

Вилијамс продолжува да води со 18-5 во мечевите со Азаренка.

Поранешната бр.1 во светот влезе во финалето на еден Гренд слем турнир за прв пат од 2013 година. Таа ќе се бори за титулата со Наоми Осака, која во своето полуфинале ја совлада Американката Џенифер Брејди со 7-6 (7-1) , 3-6, 6-3.