Мајкрософт: Руски, кинески и ирански хакери се мешаат во изборната кампања во САД  


САД – Мајкрософт синоќа излезе со предупредување за вклученост на руски, кинески и ирански хакерски групи во актуелната изборна кампања во САД, за влијание врз резултатите од претседателските избори закажани за 3 ноември.   Според Њујорк тајмс, Русите работат на тоа да биде реизбран актуелниот претседател Доналд Трамп, додека Кинезите посакуваат избор на на неговиот […]

Македонија лани издвоила само 40 милиони евра за истражување – нов повик на ФИТР за соработка на бизнисот и науката


Нов инструмент за соработка меѓу бизнис заедницата и академијата, вака Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го најави новиот Јавен повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери. Целта на Повикот е поттикнување на соработката меѓу компаниите и науката во насока на спроведување иновациски активности кои ќе ја зголемат конкурентноста на бизнисите, сегмент […]

ФИФА одобри апликација „Црвено копче“ против местење на натпревари


Светската фудбалска централа (ФИФА) одобри специјална апликација дизајнирана да им помогне на фудбалерите. Со нејзина помош, играчите ќе можат да информираат за секој обид за местење на натпревари на кои тие се сведоци. Апликацијата „Црвено копче“ е во сопственост на глобалниот синдикат на играчи на ФИФПРО и ќе се дистрибуира насекаде преку локалните фудбалски синдикати. […]

Раководните лица кои не го испорачале она што се очекува, треба сами да си заминат, смета Битиќи


Раководните лица кои не го испорачале она што го очекувале граѓаните, не треба да очекуваат некој да ги смени, туку сами треба да си заминат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економските сектори Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Владата, Битиќи рече дека следната недела почнува процесот на дефинирање на директори во третиот […]

Владата ќе формира централна единица за поддршка на јавните инвестиции, најави Битиќи


Зачувување на секое работно место, создавање на развојна и одржлива економија која носи предвидливост, намалување на сиромаштијата под 16 проценти и едноцифрен број на невработеноста и економски раст од четири проценти, се дел од приоритетите на кои ќе работи економскиот тим на Владата кој ќе биде координиран од вицепремиерот Фатмир Битиќи. На денешната прес-конферениција на […]

Заев: Наскоро почнува реализацијата на четвртиот пакет економски мерки


Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук напиша дека наскоро ќе започне реализацијата на четвртиот пакет економски мерки кој опфаќа директна помош за економијата и за граѓаните. – Ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори. Ќе […]

Андреј Ковачев сега го нападна и АСНОМ – бил столб на антибугарството


Европратеникот од партијата на премиерот Борисов најави блокада на македонскиот пат кон ЕУ додека не се прифата нивните услови   Најпознатиот пратеник во Европскиот парламент од партијата на премиерот Бојко Борисов побрза да најави блокада на европскиот пат на Македонија веднаш откако Зоран Заев сношти рече дека е оптимист оти ќе се најде решение за […]

Џафери: Ако се укинат патните трошоци на пратениците, ќе барам укинување на службените возила на функционерите


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се закани дека ако Владата предложи укинување на патните трошоци на пратениците тој ќе излезе со контра предлог, да им се укинат сите службени возила на функционерите, па да одат на работа со тротинет. „Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже […]

Пацоли бара од Абазовиќ да не влегува во црногорската влада поради Косово


Претседателот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли го повика лидерот на црногорската партија Обединета акција за реформи (УРА), Дритан Абазовиќ, да не се приклучува на владата, која размислува за повлекување на признавањето на Косово. „Господине Абазовиќ, ако дозволите формирање на оваа влада, нема начин како да ја запрете целта на вашата коалиција кон Косово. […]

Израел во тревога – втор ден по ред над 4.000 случаи од корона


Еврејската држава од следната недела ќе воведе целосно заклучување за да може да го намали бројот на дневните инфекции на 600   Министерството за здравство на Израел во петокот го забележа највисокиот биланс на дневни случаи со корона вирус, додека земјата се подготвува за неколкунеделно заклучување и сериозни ограничувања за да се спречи ширењето на […]

Џафери најави седница на Собранието за понеделник, за потпретседателите чека писмен предлог


Талат Џафери повика на инвентивност во функционирањето на Собранието, а пред сѐ на комисиите, споменувајќи можност да работат во редуциран состав   Слободанка Јовановска Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека политичките партии се согласиле околу составот на раководните тела и кој ќе ги предводи, така што тој очекува веќе денес да заврши со работа […]

Браќата Усеини со гаранција од 850.000 евра ќе се бранат од слобода


Укинат е 30 дневниот притвор на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ во советот на општина Охрид, Нефи Усени и неговиот брат. Двајцата браќа ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра. Ваквата одлука ја донел Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид, по што двајцата браќа веќе […]

Дебелината како причина за потешка форма на Ковид-19


На почетокот на пандемијата, лекарите забележале дека многу луѓе со прекумерна тежина се наоѓаат меѓу сериозно болните од Ковид-19, пишуваат американските медиуми. Врската помеѓу дебелината и потешката форма на болеста стана уште поочигледна како што коронавирусот се ширеше низ светот, а научниците сè уште се обидуваат да утврдат зошто е тоа така. Постојат сè поголеми […]

Нови 190 заразени во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 190 новозаболени од коронавирус и смрт на тројца пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Наведено е дека досега е тестиран рекорден број примероци – 5.549. Бројот на моментално активни случаи во Хрватска е 2.430, од ​​кои 327 пациенти се во болница. На респиратор се приклучени 26 […]

Гугл и Твитер против ширењето дезинформации за изборите во САД


Пред американските ноемвриски претседателски избори технолошките гиганти Гугл и Твитер најавија дека ќе направат дополнителни напори да спречат ширење дезинформации. Би-Би-Си наведува дека тоа особено ќе се однесува на објавувањето на изборната победа пред да се добие официјална потврда на резултатите од изборите. Твитер соопшти дека поагресивно ќе ги обележи или отстрани неточните најави поврзани […]

Брнз даруваше крв, на медицинските сестри им се оддаде почит


Медицинските сестри оваа година се во фокусот на одбележувањето на 19 годишнината од трагичните настани на 11 септември во САД, во кои животот го загубија над три илјади лица. Со тоа, како што, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз им се оддава почит на медицинските сестри, кои во 2020 година храбро се […]

Бислимоски: Граѓанските протести се легитимни, но опозициската партија врши притисок врз РКЕ


Го разбирам незадоволството од донесената одлука и сметам дека се легитимни граѓанските протести против поскапувањето на електричната енергија, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ со за денеска најавениот партиски протест врши притисок врз регулаторното тело, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -Граѓанските протести против поскапувањето на електричната енергија се легитимни и го разбирам незадоволството. […]

Во сообраќајки настрадаа пешак, велосипедист и моторџија


  Во неколку одделни сообраќајни незгоди во државава во последното деноноќие со повреди се здобиле пешак, велосипедист и моторција, а повредена е и сопатничка во автомобил. Имено, вчера во 14.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–ХЕЦ „Козјак“, во атар на с.Батинци, патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(50) […]

Инвеститорски ден на Берзата на 18 септември, граѓаните ќе тргуваат без провизија


По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување т.н. „Инвеститорски ден“ што ќе се одржи на 18-ти овој месец. Иницијативата, како што соопштуваат од Македонска берза, ја прифатија и во неа активно се вклучени Централниот депозитар за хартии од вредност и седум членки на Берзата и ЦДХВ, […]

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара покачување на платите на нивото предвидено со закон


Покачување на платите на скопските пожарникари на нивото предвидено со закон и потврдено од суд, бара Синдикатот на пожарникари на Град Скопје. Со тоа, посочуваат од Синдикатот, Градот ќе заштеди на судски трошоци, а пожарникарите во просек би добивале 25-26 илјади денари, наместо досегашните 20 илјади денари. Од Синдикатот, исто така, посочуваат дека судот пресудува во нивна […]