Браќата Усеини со гаранција од 850.000 евра ќе се бранат од слобода


Укинат е 30 дневниот притвор на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ во советот на општина Охрид, Нефи Усени и неговиот брат. Двајцата браќа ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра.

Ваквата одлука ја донел Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид, по што двајцата браќа веќе се на слобода од вчера доцна попладне.

Претходно одбраната нудеше гаранција од 30 илјади евра во кеш за да им биде заменет притворот, но иако охридскиот суд прифати, битолска апелација го укина ваквото решение.

Според обвинението, браќата го повикале Спирко Топаловски на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол оштетениот. Таа продолжила на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.