Израел во тревога – втор ден по ред над 4.000 случаи од корона

Вртоглав раст на заболувањета последните денови: улицата „Јафа“ во Ерусалим

Еврејската држава од следната недела ќе воведе целосно заклучување за да може да го намали бројот на дневните инфекции на 600

 

Министерството за здравство на Израел во петокот го забележа највисокиот биланс на дневни случаи со корона вирус, додека земјата се подготвува за неколкунеделно заклучување и сериозни ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот.

Според Министерството, во четвртокот биле дијагностицирани 4.038 нови случаи, малку надминувајќи го рекордот од претходниот ден. Од 33.920 активни случаи, 489 се во сериозна состојба, од кои 134 на респиратори. Од почетокот на пандемијата, 146.542 Израелци се заразиле со вирусот, а 111.539 се опоравиле. Починати се 1.077 лица

Стапките на тестирање беа исто така високи, 47.000 спроведени во четвртокот, од кои 8,8 проценти беа позитивни.

Бидејќи бројот на заболени од вируси вртоглаво се зголеми, министрите во четвртокот гласаа за наметнување на целосна блокада на национално ниво, почнувајќи од следната недела пред периодот на есенскиот одмор.

Заклучувањето ќе се одвива во три фази, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот и Министерството за здравство.

Специфичните датуми за секоја фаза не се објавени и спроведувањето на втората и третата рунда на ограничувања ќе зависи од исходот на претходната фаза, се вели во соопштението. Хебрејските медиуми соопштија дека првата фаза најверојатно ќе стапи на сила на 18 септември, втората фаза околу 1 октомври, а последната околу 15 октомври.

Првата фаза на ограничувања ќе биде најтешка, но правилата потоа ќе се олабават ако се намали нивото на морбидитет.

Таканаречениот кабинет за корона вирус го одобри планот во четвртокот, а целосното гласање на кабинетот, со повеќе детали, ќе се одржи во недела.

Во првата фаза на ограничувања, движењето на Израелците ќе биде ограничено на 500 метри од нивните домови. Образовниот систем ќе биде затворен, освен за дефектологијата. Учениците од петто одделение и погоре ќе учат од далечина за време на периодот на годишниот одмор.

Бизнисите и јавниот сектор ќе бидат затворени во првата фаза, освен за основните услуги, вклучително и супермаркетите и аптеките.

Ќе бидат дозволени некои јавни молитви, но деталите сè уште не се договорени.

Рестораните ќе бидат затворени, освен за достава. Активностите поврзани со слободно време, забава, рекреација и туризам ќе бидат забранети.

Во втората фаза, транзитот меѓу градовите нема да биде дозволен. Надворешните собири ќе бидат ограничени на 20 лица, а затворените на 10.

Рестораните ќе останат затворени, освен за испораки, а слободни и забавни активности и трговски центри ќе бидат затворени. На деловните места ќе им биде забрането да примаат клиенти. Училиштата ќе останат затворени.

Шефот за справување со корона вирусот Рони Гамзу им рече на министрите во четвртокот дека се надева дека претстојните широко распространети мерки ќе го намалат бројот на дневни случаи од нивните сегашни 3.500 на 600-700 инфекции – приближното ниво на Израел беше на врвот на првиот бран на пандемијата. (Тајмс оф Израел)