Продолжен рокот за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје


Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје, информираат од Водовод и канализација. Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува и истекува на 1 октомври во 12 часот.

-Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската инвестициона банка и Европската банка за реконструкција и развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП Вововод и канализација – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина, се вели во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Официјалната објава на поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на ТЕД платформата, на следниот линк https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0.

Од ЈП Водовод и Канализација ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.

Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9.

На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovod-skopje.com.mk. Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата, критериумите и одлуката за негово продолжување наведени во поканата 1 октомври 2020 година до 12:00 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 октомври најдоцна до 14 октомври во 12 часот ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска.