(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бараше оставки на протестот


Скандирања „Мафија“ и „Оставка“ и транспаренти на кои пишува „Против реваншизмот и политичкото насилство“ и „Монструмите на слобода, уставобранителите во затвори“ се само дел од декорот на петтиот протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што е во тек на рутата од Министерството за правда, како појдовна точка, до финишот кај Кривичен суд. Колоната на граѓани е […]

Чад Волф: Русија, Кина и Иран се закана за изборите во САД


Вршителот на должноста американски секретар за внатрешна безбедност Чад Волф изјави дека Русија, Кина и Иран се закана за изборите во САД преку влијателни кампањи. Но, Волф објасни на сослушувањето на Конгресот дека во тоа време нема докази дека странските држави всушност се мешаат во изборната инфраструктура на САД. Претходно беше објавено дека американските безбедносни […]

„Џонсон и Џонсон“ ја почна третата фаза од испитувањата за вакцина против Ковид-19


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ги започнала испитувањата во фаза три на потенцијална вакцина за новиот коронавирус. Досега вкупно четири потенцијални вакцини ја достигнаа последната фаза на тестирање во САД. Иако вакцината е зад потенцијалните кандидати на „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, таа има некои потенцијални предности доколку се покаже безбедна и ефикасна. За […]

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона


Вкупно 16 ракометари се заразени со Kовид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми. Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен. Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве […]

Први тужби против Австрија поради заразите од Ишгл


Австрија – Први тужби се поднесени против Република Австрија во врска со инфекцијата со новиот коронавирус во австрискиот ски центар Ишгл, град што стана познат низ целиот свет на почетокот на пандемијата. Здружението за заштита на потрошувачите (ВСВ), преку својот адвокат Александар Клаузер, прво поднесе четири тужби на заразени до Виенскиот покраински суд за граѓанско право. […]

Пулмологија доби апарат за современа дијагностика на пациенти со астма и ХОББ


Апарат за обезбедување комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација во вредност од над 400.000 денари од фармацевтска компанија „Плива“, соопштија од Клиниката. – Донацијата на „Плива“ е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-ХОББ и следење на ефектите […]

Хајко Мас е во карантин, заразен со Ковид-19 е лице од обезбедувањето


Германија– Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е во карантин откако негов телохранител бил позитивен на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, јави ДПА. Агенцијата појасни дека првичниот тест извршен врз шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација  поради коронавирус. Канцеларката […]

Обраќање на Пендаровски во ОН: Проблемите не може да се решаваат со историски митови и идеологии од 19. век


Македонија е подготвена „сите отворени прашања да ги решаваме низ дијалог на рамноправни субјекти“, рече претседателот Пендаровски во видео обраќањето   Македонија ќе остане посветена на мирно решавање на сите проблеми и во регионот каде што се наоѓа и во целиот свет, затоа што тоа нема алтернатива. Ова е една од пораките што ја испорача […]

Груби му најавил на Гир дека ќе се спроведе пописот


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија  во земјава, Дејвид Гир. Притоа беше истакнато дека соработката меѓу двете страни ќе остане на највисоко ниво како што била и досега. – Тој го увери амбасадорот Гир дека како […]

НЛБ банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност


НЛБ банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од  две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра. Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за […]

Почна судењето Русковска против ВМРО-ДПМНЕ


Обвинителката Вилма Русковска и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се соочија во судница во Граѓанскиот суд каде обвинителката за организиран криминал им поднесе тужба за клевета на Мицкоски, Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поради двата предизборни ТВ спота во кои се тврди дека Русковска работи е под влијание на СДСМ.   Адвокатот на Русковска […]

Албанија четврта во светот, прва во Европа по баратели на азил, Мета: Доста е


Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук објави фотографија на која се прикажува графикон за периодот 2010-2019 година каде Албанија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа по барања за азил. Мета наведува дека неговата земја не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се […]

Во завршна фаза се уште четири странски инвестиции


„Во завршна фаза сме со уште четири други инвестиции и се надевам дека нивната конечна одлука ќе биде што е можно поскоро“, изјави денес на прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи, по потпишување на договорот со германската компанија „Вик“. Одговарајќи на новинарско прашање дали има најава за нови странски инвестиции во земјава, по денешната со „Вик“ […]

Нови 183 случаи на Ковид-19, починаa пет пациенти


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4,Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9,,Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 […]

Црна Гора има најголем број на заболени од Ковид-19 во регионот


Црна Гора со 547 активни случаи на 100.000 жители има најголем број на заболени лица со Ковид-19 во регионот, па и пошироко, објави црногорската новинска агенција МИНА. Со 547 активни случаи на 100.000 жители Црна Гора има речиси трипати повеќе заболени лица од Босна и Херцеговина, која е на второ место во регионот. Црна Гора […]

Со решението за лозарите добиваат сите, вели Битиќи


Досега не е видено како Влада да имаме толку брз одговор на потребата и ситуацијата со лозарите и искрено не сметам дека ќе бидат оштетени. Ова е едно решение во кое сите добиваме, ние како Влада, винариите и лозарите, а кога се сите добитници некој помалце губи. Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир […]

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19


Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и регистрирано е зголемување од 15,7 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се вкупно 951 […]

Во петок ќе се знае колкав ќе биде ребалансот на Буџетот, а потоа и дали е потребно ново задолжување


Веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Ако одат за поддршка на економијата, граѓаните и работните места сметам дека е легитимно […]

Во Србија 81 новозаразен, еден почина


  Според последните информации во Србија денеска има 81 новорегистриран случај со Ковид-19, а едно лице почина. Според Министерството за здравство, на респиратори се 22 лица. Вчера немаше починати кај нашиот северен сосед, а на повеќе од 6.000 тестирани, новозаразени беа 61. Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 33.080, а починаа 744 лица. Во последните 24 […]

Кривокапиќ мандатар на новата црногорска влада


Партијата Демократска Црна Гора (ДЦГ) на Алекса Бечиќ објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа „За иднината на Црна Гора“. Документот со потписи на пратениците кои ќе го поддржат предлогот на Демократски фронт, коалицијата […]