Познати 15-те добитници на месечните награди MojДДВ #МојаНаграда


Извлечени се 15-те добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, на јавно извлекување што се одржа во саботата вечер на Канал 5, соопштија од Министерството за финансии. Станува збор за Павлинка Николова од Штип, Милна Робева од Скопје, Дејанчо Малинов од Пробиштип, Мерсиме Бајрами од Скопје, Доне Чамевски […]

Гринпис со нова метода ќе детектира генетски модифицирана храна


Гринпис во соработка со други невладини организации обелодени нов метод на детектирање генетски модифицирани организми (ГМО) во исхраната, а алатката треба да биде јавно достапна, јави дописничката на МИА од Брисел. Методот е објавен во научното списание “Foods“, соопшти Гринпис утрово, и овозможува да се детектира генетски модифицирана маслодајна репка од компанијата Цибус, отпорна на […]

МБА: Извештајот на Стандард и Пурс потврдува дека банкарскиот систем е стаилен


Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s  се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен, велат од Македонската банкарска асоцијација. „Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем  од Македонската Банкарска Асоцијација, Народната […]

(Видео) Потонаа пет бродови на парадата на Трамп во Тексас


  Дури пет бродови потоаа на парадата за поддршка на кампањата на Доналд Трамп за нов претседателски мандат на езерото Тревис во близина на Остин, Тексас. „Украсете ги своите бродови со татковински бои и виорете онолку знамиња за Трамп, колку што тие можат да носат“, се повикуваа приврзаниците на Трамп на прадата на бродови. „Да […]

Дедо ја прегазил внуката со трактор во Радовишко


Шеснаесетгодишна малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата. Според Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица, тракторот го управувал нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) од истото село. -Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката по што веднаш починала, соопшти Рендевска. На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител […]

Во Хрватска нови 117 случаи со корона вирус


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 117 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.614. Меѓу нив се и 307 пациенти на болничко лекување од кои 19 на репсиратор. Починаа тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 201. До денеска во Хрватска се […]

„Толку погрешно“: Ѓоковиќ се извини за дисквалификацијата од УС Опен


Во реакцијата на Инстаграм Новак Ѓоковиќ вели дека настанот бил „лекција за моето растење и развој како играч и човечко суштество“   Нова Ѓоковиќ се извини откако беше дисквалификуван од УС Опен за удар со топка на линиски судија. Светскиот број 1 ја испушти златната шанса да го освои првиот сет на неговиот меч против […]

Во Лос Анџелес забележана највисока температура досега – 49,4 степени


  Рекордно високи температури се забележани во делови од Калифорнија во неделата, кога топлинскиот бран ја погоди земјата, а властите се борат со пожарите. Националната метеоролошка служба забележа рекордни 49,4 степени Целзиусови на Вудланд Хилс, официјално највисока температура збележана во округот Лос Анџелес. Претходниот рекорд беше 48,3 степени во 2006 година. Во Пасо Роблес, град […]

Во Калифорнија прогласена вонредна состојба поради пожарите


Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во пет окрузи поради шумски пожари. Станува збор за областите Фресно, Мадеира, Мерипос, Сан Бернардино и Сан Диего, соопшти кабинетот на гувернерот. Во моментов, со пожар се зафатени повеќе од 18.000 хектари шума, што доведе до евакуација и затворање на патиштата во областа Фресно. Досега загинале осум лица и уништени се околу 3,3 илјади објекти, а синоќа […]

Ангеловска-Бежоска: Постепено стабилизирање на меѓународните финансиски пазари, иако е присутна неизвесноста


„По затегнувањето на глобалните финансиски услови со раст на каматните стапки и отежнат пристап до финансии во март, во последниов период на меѓународните финансиски пазари се забележува постепено стабилизирање.“ – оценува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Фокус“. Како што истакнува, стабилизирањето на меѓународните финансиски пазари е видливо преку порастот на цените […]

Почнува учебната година во Хрватска


  Новата учебна година во Хрватска почнува денеска, по три модели, а во училишните клупи ќе седнат околу 460 илјади ученици. Министерството за образование и наукуа обезбеди три модели за посетување настава, со физичко присуство, онлајн и комбинирано. Сепак, осум училишта, денеска не ги отворија своите врати за учениците, поради тоа што дел од персоналот […]

Скопје преполно со исушени дрвја, брезите ги снемува


И покрај тоа што имавме врнежливо лето, на повеќе места низ Скопје, може да се забележат исушени дрвја, кои претставуваат и опасност за минувачите, затоа што се наоѓат покрај фреквентни тротоари, улици или влезови во државни објекти. Некои од нив се високи и по триесетина метри. Доколку само прошетате по центарот на Скопје, суви дрвја […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8-ми септември – Денот на независноста вечерва ќе се изврши почесна артилериска стрелба. Од Армијата информираат дека во 18.30 од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата на Република Северна Македонија.

Договорот меѓу Белград и Приштина ќе го донесе американскиот капитал во регионот


Каква е улогата на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ) која што ќе отвори канцеларија во Белград. Македонија преку ОПИК – Корпорацијата за приватни инвестиции во странство (претходникот на ДФЦ) има добиено над 15 милиони евра за девет проекти    Мирче Јовановски Договорот за подобрување на економските односи меѓу Белград и Приштина е всушност […]

СДСМ: Судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени


  Приоритет на Владата предводена од СДСМ е целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, држава која гарантира независен правосуден систем. – Ред, правда и дисциплина мора да има во Република Северна Македонија. Сега следува процес на целосно и […]

Заразени околу 200 службеници на Обединетите нации


  Повеќе од 200 службеници на Обединетите нации во Сирија заразени се со корона вирус, соопштија надлежните. Во таа земја здравствената структура е веќе уништена со војната, а ОН се обидуваат да ги зајакнат капацитетите во борбата против вирусот, пренесува Ројтерс. „Забележани се повеќе од 200 случаи на Ковид-19 меѓу персоналот на ОН, од кои […]

Анти-ковид вакцината ќе биде достапна во Австралија во јануари 2021 година


Австралиските власти соопштија дека првите количества од вакцината против Ковид-19 ги очекува во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели. Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини. Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија АстраЗенека, […]

Трка


ЛЕЈЛА САБИТ Цел живот трка. Со себе си, со другите, со вие , со ти, со времето, со обврските, со семејството, со здравјето, со климата, со годините, со идеите, со стандардот, со килограмите, со изгледот, со стилот … На кратки или на долги патеки, преку ноќ, со врски, сами, со години, со договор, на определено […]

Епл гради две големи парк-ветерници во Данска


Данска – Епл има намера да изгради две парк-ветерници во местото Есбјерг, во Данска, и тоа ќе бидат најголемите два такви комплекса во светот. Целта е инвестирање во обновлива енергија. Епл соопшти дека ветерниците високи 200 метри треба да произведуваат енергија од 62 гигават-часови секоја година, што е доволно за снабдување на речиси 20.000 домови. Овие ветерни електрани […]

Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина


Белгија– Во Брисел денеска, со средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите, под покровителство на ЕУ, Домаќин на состанокот е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. […]