Во Хрватска нови 117 случаи со корона вирус


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 117 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.614.

Меѓу нив се и 307 пациенти на болничко лекување од кои 19 на репсиратор.

Починаа тројца пациенти, со што бројот на жртви се искачи на 201.

До денеска во Хрватска се забележани 12.081 заболени, од нив 9.266 оздравеле. Тестирани се вкупно 193.153 лица, а од нив 1.793 во последните 24 часа.