Почнува учебната година во Хрватска


 

Новата учебна година во Хрватска почнува денеска, по три модели, а во училишните клупи ќе седнат околу 460 илјади ученици.

Министерството за образование и наукуа обезбеди три модели за посетување настава, со физичко присуство, онлајн и комбинирано.

Сепак, осум училишта, денеска не ги отворија своите врати за учениците, поради тоа што дел од персоналот во училиштата се заразени со Ковид-19, па учениците во следните две недели наставата ќе ја следат онлајн.

Учениците имаат два распуста од 24 декември до 8 јануаери и напролет од 2 до 9 април. Учебната година ќе трае до 18 јуни.

Со оглед на епидемијата од корона вирус наставата ќе се организира со посебни мерки за да се обезбеди социјална дистанца. Исто така треба да се внимава на хигиената па ќе треба учениците почесто да мијат раце, а училниците да се дезинфицираат. Нема да се менуваат училници, а одморот ќе биде во различно време за да се спречи учениците да се групираат. Поминувањето низ заедничките простории треба да се скрати на минимум.

Ако ручекот се организира во менза, тогаш треба да се следат протоколите за угостителски објекти, а учениците да јадат на групи.

Родителите секое утро треба да им мерат на температура на децата пред поаѓање во училиште, а ако има покачена температура, треба да се јават на директорот на училиштето и на матичен лекар.