Македонска организација учествува во подготовка на прирачник за тренери за вработување лица со попреченост


Македонски стручни лица учествуваа во подготовка на прирачник со кој се подобруваат можностите за вработување за возрасни лица со интелектуална попреченост, информираа денеска од граѓанската организација „АктивУм“. Организацијата заедно со сродни организации од Шпанија, Грција, Турција и Полска во рамки на проектот „Едукативен метод што доведува до подобрување на вработливоста на возрасните лица со интелектуална попреченост“, учествуваше […]

Месечината се оддалечува од нас


Месечината секоја година се оддалечува за околу 2,5 сантиметри од нашата планета, така што за неколку стотици милиони години, веќе нема да има Сончево помрачување, истакнуваат научници од НАСА. Мерењата се вршени со ласери и панели наречени ретрофлектори, поставени од американски и руски мисии последниве неколку десетлетија. Сознанијата се објавени во списанието „Земјата, планетите и […]

Лондон не ги признава изборните резултати од Белорусија


Велика Британија смета дека реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно овој месец е изборна измама. Лондон ќе работи со меѓународни партнери за санкционирање на одговорните. Тоа го изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. – Светот е згрозен од насилството што го користат белоруските власти за да ги уништи мирните протести што следуваа […]

Илјадници протестанти во Јужна Кореја во карантин


Илјадници верници од Протестантската црква во Сеул се ставени во карантин. Тоа го соопштија денеска властите на Јужна Кореја, додека државата се бори со жаришта на вирусот поврзани со локални верски заедници. Во текот на викендот главниот град и соседната провинција Геонџи, каде живеат скоро половина од населението, ги забранија сите верски собири и ги […]

Среќни часови во Нептун само на 17-ти август – Големи попусти и подароци на секој час!


Само овој понеделник 17-ти август HAPPY HOURS акција во Нептун со големи попусти и подароци на секој час! Посетете ги Нептун продавниците овој понеделник, разгледајте ги одличните понуди, купете и бидете потенцијален добитник на еден од 250-те подароци. Акцијата важи во сите 25 продавници на Нептун ширум државата, како и онлајн на нивната веб страна […]

Од денеска во сила нови мерки во Грција


Во 16 области на Грција, кои се сметаат за региони со лоша епидемиолошка слика и голема раширеност на Ковид-19, од денеска се воведуваат нови, дополнителни рестриктивни мерки, меѓу кои и ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови,  јави дописничката на МИА од Атина. Во областите источна Македонија и Тракија и Атики, во градовите […]

Во Црна Гора се уште нема мерки за враќање на децата во училишта


Се уште нема мерки за враќање на децата во училиште во Црна Гора, а од Институтот за јавно здравје велат дека не постои универзално применлива стратегија за отворање училишта и градинки, но мора да се земат предвид голем број елементи, од кои голем дел се локални и индивидуални, објави подгоричка Побједа. Експертите за ИЈЗ веруваат […]

Силен земјотрес во Грција


Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтер беше регистриран во Грција, јужно од островот Идра, кусо пред 10.30 часот по локално време според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот бил во морскиот дел, 53 километри југоисточно од островот Идра, на над 100 километри од Атина, но беше почувствуван […]

Продолжен рокот за аплицирање за сместување во студентските домови


Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат […]

Нов круг разговори Брисел-Лондон


Седмиот круг разговори меѓу Европската унија и Велика Британија за нивните идни односи започнува денеска во Брисел. Разговорите ќе продолжат до 21 август и мора да се решат преостанатите нерешени прашања што ги спречуваат страните да постигнат конечен договор. Велика Британија се повлече од блокот на 31 јануари, завршувајќи го процесот по референдумот за брегзит […]

Ардерн ги одложи изборите на Нов Зеланд – има нови кластери


Ардерн соопшти дека ги преместла изборите за 17 октомври, по консултациите со политичките партии, пренесува „Блумберг“. После тримесечно затишје, коронавирусот започна да се шири повторно во Нов Зеланд изминатите недели, а Ардерн во петокот го продолжи карантинат во таа земја за 12 дена, бидејќи се зголеми бројот на случаи во еден кластер во Окланд. Според […]

Честитка за Денот на Армијата


Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев во лично и во име на сите членови на синдикатот, по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска упати честитка до армиските припадници. – Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена пандемија од КОВИД-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам и придонесуваат […]

Пановски: Учебната година требаше да почне на 15 август


  Докторот и макробиолог Никола Пановски, во разговор за телевизија Сител прашува зошто децата од второ и трето одделение треба да одат во училиште. Тој смета дека и средношколците кои се прва година треба да ги посетат училиштата, односно само оние кои се запознаваат со новите наставници. Според него, учебната година требало да почне на […]

Словенија в четврток носи одлука за режим на влез поради корона вирусот


За евентуални ограничувања за влез на патниците од Хрватска во Словенија поради зголемениот број случаи на „увоз“ на корона вирус, Владата ќе донесе одлука в четврток, изјави портпаролот Јелко Кацин, за Словенечкото радио. „Ќе почекаме до вторник да ги видиме резултатите од тестовите спроведени во понеделникот, и доколку до тогаш нема промена во начинот на […]

Светлана Тихановска подготвена да стане лидер на Белорусија


Противкандидатот на Александар Лукашенко на претседателските избори, Светлана Тихановска, изјави денеска дека е подготвена да стане национален лидер. – Јас сум подготвена да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел да ја смирам ситуацијата во земјата и да ја вратам во нормален ритам, нагласи таа во видео пораката објавена на каналот […]

СДСМ и ДУИ договараат влада со чесни кадри


По утврдувањето на коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, СДСМ и ДУИ вчера работеа на усогласување на победничките изборни програми и распределба на одговорностите според ресори на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада. Од СДСМ соопштија дека во разговорите  во целост се посветена на економијата, […]

Нишикори позитивен на Ковид-19


Јапонија– Поранешниот светски рекет број еден, Кеј Нишикори (Јапонија) се тестираше позитивно за коронавирусот во Флорида на само две недели пред УС Опен. Триесет-годишниот Јапонец тренира на Флорида и поради позитивниот тест нема да учествува на турнирот во Синсинати, што е подготовка на тенисерите за УС Опен. – Утрово, додека бев уште на Флорида, ми […]

Сопругата на претседателот Пендаровски одржа стручно предавање за студенти по медицина


Сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер во Вила Водно одржа стручно предавање за дваесетина студенти по медицина, на кое присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Предавањето на тема: „Симплифицирана 3D-визуелизација: µCT евалуација ин витро и ин виво“ беше организирано во соработка со Здружението на студентите по медицина, како дел од иницијативата почната во февруари […]

Бо Дерек го раскажа животот во документарец: Не сум веќе секс-симболот од „10“


САД– Актерката Бо Дерек, чијшто комичен филм „10“ во 1979 година ја направи секс-симбол, има нов документарен филм – и размислувања за претседателот Доналд Трамп. 63-годишната ѕвезда сподели свои размислувања со Variety, во пресрет на новиот документарец In My Own Words од нејзиниот дом во Санта Барбара, јужна Калифорнија чии нови соседи се Меган Маркл и […]

Дел од жителите на Карпош, Чаир и Бутел денеска и утре без струја


ЕВН информира дека паради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска и утре без електрична енергија ќе останат  дел од корисниците во општините Карпош и Бутел. Од 09:00 до 15:00 часот денеска без струја ќе останат дел од улиците: „Римска“, „Атинска“ и „Анкарска“ во општина Карпош. На ден 18.08.2020 година (вторник), од 09:00 до 15:00 часот, […]