Пановски: Учебната година требаше да почне на 15 август


 

Докторот и макробиолог Никола Пановски, во разговор за телевизија Сител прашува зошто децата од второ и трето одделение треба да одат во училиште. Тој смета дека и средношколците кои се прва година треба да ги посетат училиштата, односно само оние кои се запознаваат со новите наставници.

Според него, учебната година требало да почне на 15ти август и два месеци децата да имаат настава надвор и со отворени прозорци.

„Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отворени прозорци да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона. Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца“, изјавил Пановски.

Пановски вели дека проблем ќе бидат и настинките, поради што повторно може да биде загрозен здравствениот и економскиот систем на земјата.

„Ако не се почитуваат мерките и продолжат групирања по домови и подрумски простории, тогаш освен превентивни мерки ќе има и рестрикции како ограничување на движењето во ноќните часови“, вели тој.