Честитка за Денот на Армијата

Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев во лично и во име на сите членови на синдикатот, по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска упати честитка до армиските припадници.

– Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена пандемија од КОВИД-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам и придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани, се вели во честитката, во која им посакува среќа и успех, како во личните, така и во професионалните ангажмани.

– Нека Ви е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18-ти Август, се додава во честитката упатена од претседателот на МПС Марјан Кицев.

Инаку, во пресрет на Денот на Армијата на Република Северна Македонија 18 Август, денеска во 10 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија, соопшти Генералштабот на АРМ.

Утре, на Денот на АРМ, исто така во 10 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување пет плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.