Нишикори позитивен на Ковид-19


Јапонија– Поранешниот светски рекет број еден, Кеј Нишикори (Јапонија) се тестираше позитивно за коронавирусот во Флорида на само две недели пред УС Опен.

Триесет-годишниот Јапонец тренира на Флорида и поради позитивниот тест нема да учествува на турнирот во Синсинати, што е подготовка на тенисерите за УС Опен.

– Утрово, додека бев уште на Флорида, ми беше направен тест за КОВИД-19, кој е позитивен. Во овој момент, ќе мора да се повлечам од турнирот во Синсинати. Планиравме да летаме за Њујорк утре, но очигледно ќе останеме на Флорида, рече Јапонецот.

Нишикори додаде дека има „многу благи симптоми“ и ќе остане во карантин.

Голем број на играчи се повлекоа од годинашниот УС Опен поради пандемијата на коронавирус, кој зарази повеќе од 5,3 милиони луѓе во САД и уби скоро 170.000.

Бранителот на титулата Рафаел Надал и женскиот рекет број еден, Ешли Барти се меѓу оние кои одбија да патуваат на турнирот.