Нов круг разговори Брисел-Лондон


Седмиот круг разговори меѓу Европската унија и Велика Британија за нивните идни односи започнува денеска во Брисел.

Разговорите ќе продолжат до 21 август и мора да се решат преостанатите нерешени прашања што ги спречуваат страните да постигнат конечен договор.

Велика Британија се повлече од блокот на 31 јануари, завршувајќи го процесот по референдумот за брегзит во јуни 2016 година.

До 31 декември, кога е крај на периодот на транзиција државата мора да преговара со ЕУ и со другите партнери за обезбедување трговски договори и соработка.