Ардерн ги одложи изборите на Нов Зеланд – има нови кластери


Ардерн соопшти дека ги преместла изборите за 17 октомври, по консултациите со политичките партии, пренесува „Блумберг“.

После тримесечно затишје, коронавирусот започна да се шири повторно во Нов Зеланд изминатите недели, а Ардерн во петокот го продолжи карантинат во таа земја за 12 дена, бидејќи се зголеми бројот на случаи во еден кластер во Окланд.

Според најновите податоци, во тој град се регистрирани 49 активни случаи, а надлежните сметаат дека сите тие се поврзани и се надеваат дека вирусот не се раширил надвор од тоа жариште.

До избувнувањето на ова жариште, ниту еден случај не е регистриран 102 дена во Нов Зеланд.

Официјални лица веруваат дека вирусот е повторно увезен од странство, но сè уште не можат да откријат како дошло до тоа.