Владата се комплетира, Јетон Шаќири министер за информатичко општество


Последното име во новата влада е конечно познато – стружанецот Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за информатичко општество и администрација. Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а е избран и во новиот состав на парламентот. Весникот „Коха“ јавува дека тој е близок на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Неговиот избор е веројатно дел […]

„Бикини Мун“ и „Јас не сум Игор“ во официјалната селекција на МФФ Нанси, Франција


Франција – Филмовите на двата македонски режисери, „Јас не сум Игор“ на младиот Сергеј Ѓеоргиев и „Бикини Мун“ на искусниот Милчо Манчевски  се најдоа во официјалната селекција на 26-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, јави дописникот на МИА. Краткометражниот филм „Јас не сум Игор“ во режија и сценариот на Сергеј Ѓеоргиев се наоѓа […]

Германија го прогласи Брисел за ризичен град поради коронавирусот


Германија – Германија го прогласи градот Брисел за ризична област заради големиот број заразени од  коронавирус, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Министерството ги предупреди граѓаните да не „одат на туристички патувања“ во Брисел, каде што за седум дена бројот на нови пациенти со Ковид-19 ја надмина границата од 50 случаи на 100.000 жители, пренесе Хина. […]

Сите зборат за фустанот на Џил Бајден: Почна претседателската трка во модата


САД-Дали историјата се повторува? Во четвртокот вечерта во Вилмингтон, Џил Бајден излезе на сцената за да го поддржи сопругот и кандидат на демократите за претседател на САД, Џо Бајден ( и противкандидат на Доналд Трамп) на Демократската национална конвенција , носејќи дизајн на Кристијан Сириано. Не беше одамна кога дизајнерот со седиште во Њујорк ја […]

Тихановскаја нема повторно да се кандидира на евентуални избори во Белорусија


Белорусија– Поранешната белоруска претседателска кандидатка, Светлана Тихановскаја, изјави дека не планира повторно да се кандидира за претседател на земмјата во случај да се организираат нови избори. -Јас немам такви планови, рече Тихановскаја во интервју за телевизијата „Белсат“, одговарајќи на прашањето дали таа или нејзиниот сопруг би се кандидирале во случај на повторни избори во Белорусија. Таа […]

„Д Фестивал“ посветен на домашната музичка сцена


На главната бина „Паркинг Гранит“ во Дојран, вечер од 19 часот почнува „Д Фестивал“, годинава насловен „Д фестивал и пријателите“ и целосно посветен на домашната музичка сцена. Организаторите соопштија дека максимално се погрижиле за безбедноста во текот на настанот, со почитување на сите мерки наложени со протоколот за јавни настани. – Посетителите ќе имаат можност […]

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“


Планинска тура на Шар Планина, со кампување во областа Лешница под мотото „Испоти се во природа“ организира денеска и утре здружението I love hiking со поддршка на Алвоген О.Р.С. Турата е отворена за сите кои сакаат да поминат викенд надвор од градскиот асфалт и да уживаат во убавините на Шар Планина. Претходно веќе се одржаа […]

Седум градови имаат трицифрен број на активни случаи на Ковид-19


Од 115 новодијагностицирани на Ковид-19 во изминатите 24 часа, најмногу се од Скопје (32), а двоцифрен е бројот и во Штип – 14, Гостивар – 11 и во Тетово – 10. Помалку од десет новозаразени имаат 13 општини: по осум случаи се во  Дебар и Берово, седум во Куманово, четири во Свети Николе, по тројца […]

Викендов сончево и топло, од понеделник нестабилно време попладне


Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 […]

Севиља го победи Интер и по шести пат ја освои Лигата на Европа


Фудбалерите на Севиља вечерва во Келн го победија Интер со 3:2 и ја освоија Лигата на Европа по шести пат. Во богатото со голови финале резултатот го отвори напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку во 5. минута. Следуваа два погодока на Лук де Јонг за водство на шпанскиот тим. Следуваше изедначување со голот на Диего Годин […]

Русија дозволи Навални да се лекува во Германија


Управата на руската болница, каде е хоспитализиран лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, денеска одобри негово префрлање во Германија. Претходно, семејството на Навални побара тој да го продолжи лекувањето во Германија. – Одлучивме да не се спротиставуваме на негово префрлање во друга болница, што ќе ја одреди неговото семејство, изјави заменик директорот на болницата во […]

Кризата со Ковид-19 ќе помине за помалку од две години, проценува директорот на СЗО


Светската здравствена организација се надева дека кризата со Ковид-19 ќе поминe за помалку од две години, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус. Тој додаде дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траше две години. – Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има […]

Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници


Талат Џафери по изборот за претседател на Собранието со кој доби уште еден четиригодишен мандат за спикер на законодавниот дом, им се заблагодари на довербата од 62 пратеници кои застнаа зад неговиот избор, но и на пратениците од опозицијата кои, рече, дадоа свој придонес за збогатување на демократската дебата, а кои гласаа против односно воздржано. […]

Истражна постапка против скопјанец кај кого е пронајдено оружје


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Јавното обвинителство соопшти дека оружјето било пронајдено откако осомниченот бил лишен од слобода од полицијата поради нарушување на јавниот ред и мир. -Притоа, тој почнал вербално да се […]

Петар Грашо ја наполни Хераклеа, публиката без маски и без дистанца


Без држење дистанца и повеќето без маски беше публиката на синоќешниот концерт на хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо на археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола. На социјалните мрежи се вртат многу фотографии на кои се гледа дека за време на концертот не биле почитувани пропишаните протоколи за јавни настани. Ова е уште еден пример за апсурдите што […]

Се влошува ситуацијата во Италија, бројките полоши од вчера


Италија повторно е во паника! Бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден. Според денешните податоци, во таа земја во последните 24 часа биле регистрирани уште 947 заразени лица, а уште девет заразени лица ја изгубиле борбата. Во Италија сега се регистрирани вкупно 257.056 случаи на инфекција, а од почетокот на епидемијата починаа […]

Талат Џафери избран за претседател на Собранието


Со 62 гласа за и 43 гласа против пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, попладнево беше избран за претседател на Собранието. За време на гласањето пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија собраниската сала. Кога Џафери ја даваше свечената изјава салата ја напуштија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Освен пратениците на новата коалиција, во […]

Шпанија ги затвoра борделите поради зголемениот број на заразени од корона вирус


Властите во шпанскиот регион Кастилја-Ла Манча денеска наредија затворање на сите бордели поради епидемијата на коронавирус. Одлуката е донесена затоа што десетина луѓе кои биле позитивни на вирусот корона биле меѓу седум жени и пет мажи во само еден бордел. Бидејќи не постои официјален регистар на клиенти, властите не можеле да контактираат со други луѓе […]

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест


Според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, објавено во Службениот […]

Лукашенко жестоко му одговори на Макрон: А јас да дојдам кај тебе да посредувам


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, имаше подготвен одговор на идејата на францускиот лидер, Емануел Макрон, да посредува во преговорите во Белорусија. Како што вели, прво тој треба да појде во Франција и да посредува меѓу Макрон и „жолтите елеци“. „Макрон сака да посредува во преговорите во Белорусија. Дозволете ми да дојдам таму прво, да бидам […]