Владата се комплетира, Јетон Шаќири министер за информатичко општество


Последното име во новата влада е конечно познато – стружанецот Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за информатичко општество и администрација. Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а е избран и во новиот состав на парламентот. Весникот „Коха“ јавува дека тој е близок на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Неговиот избор е веројатно дел од бунтот во партијата поради номинирањето на Бујар Османи и Артан Груби и донекаде Фатмир Бесими. Некои од моќните ограноци, како струшкиот беа најгласни во негодувањето, па изборот на поранешниот директор на комуналното водоводно претпријатие на Струга веројатно е дел од оваа спогодба.

Главен кандидат за министер за информатичко општество беше досегашната заменичка во Министерството за финансии, Ширет Елези, но таа не доби поддршка во Централниот совет на партијата.