Нов рекорд во Хрватска: Надмина 300


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска ги објави новите информации за состојбата со корона вирусот, а таа не е ни малку добра. Имено, четврти ден по ред Хрватска поставува рекорди во однос на бројот на новозаболени, па така денеска изброја дури 306. Со ова, бројот на активни случаи се искачи на 2.052. Меѓу […]

Започна чистката во Јувентус, Пирло ги „шкртна“ Игуаин и Кедира


Андреа Пирло, новиот тренер на Јувентус, веќе започна со драстични промени во играчкиот кадар на италијанскиот шампион. Според медиумите на Апенините, Пирло им се заблагодарил на двајцата фудбалери – Гонзало Игуаин и Сами Кедира. И на двајцата играчи им останува уште една година од своите договори, а клубот во моментов бара начин како да се […]

Дончиќ за повредата: Имав среќа што не беше десниот зглоб


Кошаркарите на Далас беа поразени во третиот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија на Западот од Л.А. Клиперс, но за да се влошат работите за тексашаните, се повреди Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар, еден од најдобрите во тимот на Далас, мораше да го напушти теренот на четири минути пред крајот на натпреварот. Во третата четвртина, во обид […]

Одлуката за Еуростандард банка не се донесе преку ноќ, вели директорката на супервизијата на НБ


На преземањето на која било супервизорска мерка и на носењето на која било супервизорска одлука на Народната банка претходи темелен и сеопфатен процес на анализа и оценка. Во процесот секогаш е вклучен тим на високопрофесионални и посветени кадри, кои стојат зад секоја одлука, вклучително и за Еуростандард банка. „Ниту една супервизорска одлука не се носи […]

На легендарниот водител Лари Кинг за три недели му починаа две деца


САД– Легендарниот американски водител Лари Кинг (86) за три недели изгуби две од петте деца. Неговиот син Енди изнененадно пoчина на 28 јули на 65 години од срцев удар.Ожалостениот татко не успеа да закрепне од овој удар а во среда почина и неговата ќерка Чаиа (52) од рак на бели дробови. Со оглед дека водителот […]

СЗО и УНИЦЕФ преку упатство препорачуваат маски за децата постари од 11 години


Децата, почнувајќи од 12 години, треба да носат маски за лице секаде каде што и возрасните ги носат, како една од мерките против Ковид-19, соопштија здравствените и детските агенции на ОН во водич за носителите на одлуки, јави ДПА. Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) генерално не препорачуваат маски за […]

Во БиХ 319 новозаразени, починаа шест пациенти


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 1.590 примероци, од кои 3019 биле позитивни на корона вирус. Од нив во Федерацијата нови се 232, во Република Српска 86 и едно лице во Дистриктот Брчко. Починаа шест лица позитивни на Ковид-19, а оздравеа 151 пациент.

Често трагична, на крај оптимистична, вели „Варајати“ за „Врба“ на Манчевски


Американскиот магазин „Варајати“ објави реценција за филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“. Во рецензијата филмот се опишува како „три приказни за македонско мајчинство кои одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски.“ Според филмската критичарка Џесика Кианг, Манчевски носи филигрански опсервирани хумор и трогателност и во значајни и во […]

Австралија изненадена од снег, некаде има и еден метар


  Антарктичкиот воздух кој денеска стигна до Австралија со себе донесе и врнежи од снег и на пониски надмордки подрачја во неколку држави, а многу граѓани уживаа во реткиот феномен покрај силниот ветар и обилните снежни врнежо кои блокираа патишта во делови од земјата. Фотографии од градови покриени со снег нив Нов Јужен Велс, Викторија […]

Во Бразил опаѓа бројот на новозаразени


  Во Бразил забележителен е трендот на намалување на ширењето на корона вирусот, а во петок беа регистрирани 30.355 нови случаи, што е за 15.000 помалку од ден претходно. Во последните 24 часа починаа 1.054 лица, соопшти министерството за здравство. Од почетокот на епидемијата заразени се повеќе од 3,5 милиони луше, а официјалниот број на […]

Вонредни рестриктивни мерки во уште три делови на Грција


Врз основа на епидемиолошките податоци, во регионалните единици Кардица, Пела и Пиериа, од рано утрово, по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, воведени се рестриктивни за да се спречи дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, се […]

Лукашенко бара ангажирање војска


  Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко побара од воениот врв на земјата да ги презем сите мерки и да ја ангажира војската. Бара војската цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, укажувајчи дека ситуацијата е особено вознемирувачка на западните граници. Лукашенко констатира деке аво Белорусија е увезена таканаречена обоена револуција која се […]

Анкета на ФИТР: Домашните компании се подготвени да инвестираат за да излезат од кризата


Домашните компании се подготвени да започнат со инвестиции во време на актуелната криза бидејќи вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање, покажува анкетата што ја спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во периодот од 24 јули до 19 август. Над 50 проценти од вкупно анкетираните 256 компании сметаат дека моментот за […]

Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места


Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места во поголемата околина на  Мадрид со образложение дека таквата одлука ќе ги загрози основните човекови права. Шпанската Влада и лидерите на 17-те автономни региони минатата недела се согласија да го забранат пушењето на јавни места, кога не е можно да се одржи физичко растојание од […]

Радев: Мафијата се обидува да ја смести Бугарија во ќорсокак


Шефот на државата отсекогаш бил покровител на прославите на епопејата во Шипка, а денеска тие се организираат со граѓанска иницијатива, без партиски бои. Но, владата го повтори срамното сценарио од 3 март, кога, се сеќавате, сите планирани прослави во главниот град и во земјава беа одобрени и одржани, а целта беше една и единствена – […]

Италија нема европска титула веќе 10 години


Интер загуби од Севиља 2:3 и не успеа да го наруши 100% успех на Андалузијците во финалето на Лигата на Европа. „Нероазурите“ би можеле да го донесат првиот трофеј на Италија на европските турнири во последниве 10 години. Во 2010 година Интер ја освои Лигата на шампионите по победата од 2:0 над Баерн (Минхен) и […]

Бизнис империјата на Трамп под федерална кривична истрага


Бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е под лупа на федерална криминална истрага, а судија на федералниот суд го отфрли барањето на претседателот да се одложи увидот во неговите даночни пријави, што ги побара обвинителот на Менхетен во рамки на истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесуваат британските меидуми. Судијата на федералниот суд, […]

Коматозниот Алексеј Навални пренесен во Германија на лекување


Рускиот опозициски лидер конечно префрлен во Берлин откако лекарите го дозволија неговиот транспорт од градот Омск   Авион опремен како брза помош со рускиот опозициски активист Алексеј Навални слета на берлинскиот аеродром „Тегел“, според податоците за следење на летот. Германските лекари долетаа во сибирскиот град Омск во петокот за да го евакуираат Навални, долгогодишен противник […]

Србија пренасочува кон хотелите пари од неискористените ваучери за туризам


Србија ќе издвои 1,2 милијарди динари директна помош за градските хотели со цел да го одржат својот бизнис и да се зачуваат вработувањата во овој сектор, а најголем дел од средствата се пренасочени од 400.000 ваучери што нема да бидат распределени заради немање заинтересирани, го цитира белградски „Блиц“ српскиот министер за туризам, трговија и телекомуникации […]

Русија: Еден загина, а 14 станари се спасени по експлозија на гас во зграда


Четиринаесет станари се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва, јави регионалната служба за итни случаи, пренесе Тасс. „Четиринаесет станари се спасени од зградата, од кои петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините“, соопшти регионалната служба за итни […]