Австралија изненадена од снег, некаде има и еден метар

 

Антарктичкиот воздух кој денеска стигна до Австралија со себе донесе и врнежи од снег и на пониски надмордки подрачја во неколку држави, а многу граѓани уживаа во реткиот феномен покрај силниот ветар и обилните снежни врнежо кои блокираа патишта во делови од земјата.

Фотографии од градови покриени со снег нив Нов Јужен Велс, Викторија и островските држави Тасманија ги преплавија друштвените мрежи.

„Денеска сме во Канбера во снегулки“, објави државниот Метеоролошки завод на Твитер.

Во неколку планински региони падна повеќе од еден метар снег, а студеното време ќе се задржи уште неколку дена, твитна канцеларијата.

„Тоа е феноменално“, вели Рај Кумар за Севен нетворк. Тој со семејството од Сиденеј отпатувал во градот Оберон кој се наоѓа во Сините планини на Нов Јужен Велс, за таму да уживаат во снегот. Тоа подрачје лани беше уништено од пожари.

Во Астралија сега е зима, но ретко овој континент е покриен со снег. Односно, само мали делови од континентот во зима се покриени со снег.