Вонредни рестриктивни мерки во уште три делови на Грција


Врз основа на епидемиолошките податоци, во регионалните единици Кардица, Пела и Пиериа, од рано утрово, по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, воведени се рестриктивни за да се спречи дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, се воведува забрана за работа на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично од полноќ до 7 часот наутро, а на собирите, манифестациите и слично, дозволени се најмногу 50 лица.

Ограничувањата ќе бидат во сила во следните десет дена, односно до 1 септември.

Исти вакви мерки веќе се воведени во 12 други делови на Грција.