Тачи: Четири дена давав информации за својата улога и одговорности во текот на војната на Косово


Холандија – По осумчасовното сослушување, четврти ден по ред, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа ја напушти зградата на Специјалното обвинителство во Хаг кога изјави дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство за време на војната во Косово и после тоа, за периодот што го покрива мандатот на Специјалното јавно обвинителство. -Многу сум задоволен што имав […]

ОН ги повика богатите земји со 10 милијарди долари да им помогнат на сиромашните против коронавирусот


САД – Поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега беше „во голема мера несоодветна“, изјави претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок, повикувајќи ги богатите земји да донираат повеќе. Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и […]

Истекува рокот за издавање на домашната платежна картичка, граѓаните да ги искористат до 15 август


Истекува рокот за предавање на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата. Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, односно утре, а граѓаните може да ги искористат најдоцна на 15 август […]

Заев со 46, а Мицкоски со 44 пратеници во трка за формирање парламентарно мнозинство


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ со освоени 46 мандати има најголем коалиционен капацитет, додека од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 44 мандати веруваат дека имаат најголем кредибилитет да се борат за состав на нова Влада, по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули годинава. Во новиот собраниски состав СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат помалку пратеници од досега, […]

По доцнењето на изборните резултати од ДИК, партиите најавуваат приговори


Државната изборна комисија првите конечни неофицијални резултати од десеттите парламентарни избори ги објави безмалку 24 часа по затворање на гласачките места. По ваквиот преседан, политичките партии наместо за можниот состав на новата Влада на постизборните прес-конференции повеќе зборуваа за нерегуларности и грешки, како и можни приговори. Според пресметките на СДСМ разликата во корист на Коалицијата […]

Позитивни на Ковид-19 над 10 отсто од тестираните, бројот на оздравени за 1.000 поголем од активните случаи


Последните тестирања за Ковид-19 резултираа со над десет отсто новизаразени од корона вирусот. Во последното соопштение на Министерството за здравство е наведено дека биле извршени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со Ковид-19. И натаму најголем број на новозаразени од корона вирусот се регистрират во Скопје.  Но, освен новите случаи со корона вирусот […]

ДКСК ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 35-та седница. Според најавата, ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, […]

Сончево и топло до 34 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со мала […]

ФБИ води истрага за хакирање Твитер налози


Американското ФБИ води федерална истрага за хакирање Твитер налози на неколку познати личности, тврдат двајца добро упатени извора. – Свесни сме за денешниот безбедносен инцидент, кој се однесува на неколку Твитер налози кои им припаѓаат на познати личности. Налозите се веројатно хакирани со цел измама со криптовалути, велат изворите. Хакирани се официјалните Твитер налози на […]

САД: Границите со Канада и Мексико остануваат затворени до 20 август


Aмериканските власти денеска објавија дека границите со Мексико и Канада ќе останат затворени за повеќето патувања до 20 август за да се спречи ширење на новиот коронавирус. Со новите потврдени инфекции во САД заразени се рекордни 67.632 вчера, а смртните случаи се над 137.000, што го потенцираше неуспехот на Владата на САД да ја стави […]

Од Париз до Берлин за 4 часа со воз – економисти предлагаат проекти за нов почеток на ЕУ


Економистите на ОФЦЕ (Француската опсерваторија за економската коњуктура) денес го обелоденија нивниот стимулативен план за Европската унија, кој предвидува инвестициска програма од 2000 милијарди евра во текот на 10 години, јави дописникот на МИА. Ова непосредно пред утрешниот вонреден самит на лидерите на 27 -те земји членки на ЕУ, посветен на планот за закрепнување на […]

Се обновија борбите меѓу Азербејџан и Ерменија


Граничните судири избувнаа повторно рано во четвртокот (16 јули) помеѓу армиите на непријателите Азербејџан и Ерменија по кратка пауза претходниот ден, соопштија официјални лица од двете држави, кои водат повеќедеценискиот територијален спор. Најмалку 16 лица од обете страни се убиени откако избувнаа граничните судири во неделата меѓу поранешните советски републики, кои со децении се заробени […]

И официјално – СДСМ 46, а ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати


Државната изборна комисија вечерва конечно ги објави првите неофицијални резултати од изборите што се одржаа вчера и тие речиси да не се разликуваат од податоците што кусо беа објавени утринава околу 3 часот на нејзиниот веб-сајт. Според овие податоци, коалицијата на СДСМ и Беса оцвои 46, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички места. Понатаму, ДУИ […]

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Шпанија


Во Шпанија денеска се регистрирани 580 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем скок во бројот на нови случаи во последните два месеца. Претходниот ден беа потврдени 390 нови случаи, а повеќето случаи беа во регионите на Арагон и Каталонија. Шпанија ги укина рестриктивните мерки на 21 јуни, и оттогаш избија повеќе […]

На Северна Македонија и треба стабилна проевропска влада, порачаа од групата „Обнова на Европа“ во ЕП


Групата „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент ги поздрави добро спровдените предвремени парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава и ги повика проевропските политички партии да формираат стабилно мнозинство за новата влада, јави дописникот на МИА. Резултатите од разговорите за коалицијата ќе биде клучен за иднината на земјата и за нејзиниот напредок во следните […]

Амбасада на САД: Изборите претставуваат значаен чекор кон демократијата


 Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламнетарните избори одржани на 15 јули годинава. – Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи […]

МАСИТ за проблемите на порталот на ДИК: Дигиталните проекти да се договараат транспарентно


Дигиталните проекти, производи и услуги кои се од општествено, економско и државно значење треба да се договараат и реализираат на максимално транспарентен, објективен и етичен начин и при тоа, никако не смее да биде изземена комората, се вели во ставот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, поврзано со новонастаната ситуација и технички […]

Лицето на суперхеројот: Дете ја спасило сестра си од крвожедниот пес


Фотографијата на шестгодишниот Бриџер и неговата сестра деновиве се шири на социјалните мрежи како трогателна приказна за храброст, љубов и вистинските суперхерои. Лицето на Бриџер е сериозно и фокусирано, а раната што се протега низ целиот образ и синото око сведочи за сериозната борба неодамна за да ја одбрани својата помлада сестра. „Те молам, споделете […]

СДСМ остро против Левица – маргинални политики блиски на фашистичките наративи


Социјалдемократите денеска реагираа остро против изјавите на лидерот на Левиоца, Димитар Апасиев, во кои тој повика на одредено политичко насилство. „На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици. СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски […]

Германскиот министер Михаел Рот му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. „Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме […]