И официјално – СДСМ 46, а ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати

Фото: Б. Грданоски

Државната изборна комисија вечерва конечно ги објави првите неофицијални резултати од изборите што се одржаа вчера и тие речиси да не се разликуваат од податоците што кусо беа објавени утринава околу 3 часот на нејзиниот веб-сајт. Според овие податоци, коалицијата на СДСМ и Беса оцвои 46, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички места.

Понатаму, ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, Левица, 2 и ДПА 1 мандат.

На гласањето излегле 942 илјади лица, што е околу 51 отсто, а според бројот на добиените гласови табелата изгледа вака:

СДСМ 327.329, ВМРО-ДПМНЕ 315.344, ДУИ 104.587, Алијансата за Албанците 81.297, Левица 37.551, ДПА 13.891, Интегра 12.291, а другите помали партии се далеку под 10 илјади.

Според мандатите по изборни единици ситуацијата е ваква:

Во ИЕ1: СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 2, Алијансата за Албанците – 2, Левица – 1;

Во ИЕ2: СДСМ – 7, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 3, Алијансата за Албанците 3;

Во ИЕ3: ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 9, Левица – 1;

Во ИЕ4: СДСМ – 10, ВМРО-ДПМНЕ – 10

Во ИЕ5: СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 8, ДУИ – 3, Алијансата за Албанците – 1

Во ИЕ6: ДУИ – 7, Алијансата за Албанците – 6, СДСМ – 4, ВМРО-ДПМНЕ – 2, ДПА – 1