СДСМ остро против Левица – маргинални политики блиски на фашистичките наративи


Социјалдемократите денеска реагираа остро против изјавите на лидерот на Левиоца, Димитар Апасиев, во кои тој повика на одредено политичко насилство.

„На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.

СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти“, велат од СДСМ.

Партијата бара од надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите „срамни изблици на насилен политички израз“.

„СДСМ и новата влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани“.

СДСМ илустративно го завршува соопштението со повикот: „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“