ФБИ води истрага за хакирање Твитер налози

Американското ФБИ води федерална истрага за хакирање Твитер налози на неколку познати личности, тврдат двајца добро упатени извора.

– Свесни сме за денешниот безбедносен инцидент, кој се однесува на неколку Твитер налози кои им припаѓаат на познати личности. Налозите се веројатно хакирани со цел измама со криптовалути, велат изворите.

Хакирани се официјалните Твитер налози на милијардерите Бил Гејтс, Илон Маск и Џеф Безос, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, како и на компаниите Епл и Убер.

Инцидентот придонесе за пад на акциите на Твитер.