Германскиот министер Михаел Рот му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ“, твитна Михаел Рот, чија земја претседава со Европската унија до крајот на оваа година.