Владимир Билчик: Динамиката на проширувањето на ЕУ ќе продолжи и во текот на германското претседавање


Динамиката на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Блакан ќе продолжи и во текот на следниве шест месеци за време на германското претседавање со Унијата, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, словачкиот европратеник Владимир Билчик. – Западниот Балкан и проширувањето ќе бидат меѓу главните теми на агендата на посетата на германската […]

Во Истанбул почнува судски процес поради убиството на Џамал Кашоги


Во Истанбул денеска почнува судски процес во отсуство на дваесетмината Саудијци, кои се обвинети за вмешаност во убиството на саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година. Според обвинението, Ахмед ал-Асири, поранешен заменик шеф на саудиската разузнавачка служба, и Сауд ал-Кахтани, поранешен советник на престолонаследникот Мохамад бин […]

Економски приоритети и определби на “Единствена Македонија”


Во првата изборна единица од “Единствена Македонија “ и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” денеска имав средби со избирачите на оптините Карпош и Центар. Некаде сме на средината на кампањата, јас сум секој ден на средби со народот и можам да го изразам моето огромно задоволство, бидејќи народот масовно ги прифаќа нашите стратешки определби од […]

Вонредна состојба во Белград


Денеска е прогласена вонредна состојба на територијата на Белград, како што претходно најавија градоначалникот Зоран Радоичиќ и заменик-градоначалникот Горан Вешиќ, а се прецизираат мерките што белграѓаните ќе треба да ги почитуваат во наредните две недели. Првaта е дека е забрането влегување во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 […]

Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирус


Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева е позитивна на корона вирус, јави порталот Кумановски муабети. Информацијата самата ја сподели на социјалните мрежи, при што истакна дека без маска во изминатите пет месеци била само дома, но нејзиниот имунитет поради премореност попуштил. – Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска […]

Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка


Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка на функцијата шеф на владата, соопшти Елисејската палата. Со оваа одлука всушност во оставка е и целата влада, информираат француските медиуми. Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ќе има „нов владин  тим“, потврдувајќи ја дебатата во медиумите […]

Американец ја прекршил изолацијата, почина еден ден откако јавно се покаја


На средовечен камионџија од јужна Калифорнија (САД), му здодеала изолацијата поради корона-пандемијата и отишол на забава со скара во близина. По извесно време, јавно се покаја за тоа, и тоа еден ден пред да почине од коронавирусот. Томас Марсијас (51) на 18 јуни дознал дека е заразен со вирусот. Потоа се покажало дека на собиранката […]

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувaње кривични пријaви


Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска. Адвокатот […]

Руте: Италија следниот пат сама да ги решава своите проблеми


  „Ние сме за солидарност, но не во вид на неповратна помош, туку кредит“, го повтори ставот на холандија премиерот на оваа земја Марк Руте. Додаде дека следниот пат кога италија ќе се најде во ситуација, како оваа по пандемијата, мора да биде подготвена сама да ги решава своите проблеми. „Помош во вид на кредит […]

Во Германија бројот на жртви од Ковид-19 надмина 9.000


Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Германија во изминатото деноноќие забележа раст од 446, соопшти германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох. Во Германија вкупно 195.674 се инфицирале со Ковид-19. Додека во изминатите 24 часа во Германија од последици од новиот корона вирус починаа девет лица, со што вкупниот број на смртни случаи […]

МЗ: Подобрена патната инфраструктура во Клиничкиот центар во Скопје


Во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје во изминатиот период интензивно се работи за подобрување на инфраструктурата. Направени се неколку реконструкции, корекции и изработка на решенија за подобра експлоатација на инфраструктурата. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Проблемот со влезовите и излезите од комплексот кон градските улици е целосно решен, информира Министерството за здравство. […]

Несторовски ги уништи надежите на „Рома“ за пласман во ЛШ


„Рома“ загуби од „Удинезе“ со 0:2 како домаќини во 29-то коло од Серија „А“ синоќа а поразот на „волчицата“ практично значи крај на нивните соништа за место во топ 4 и пласман за Лигата на шампионите следната сезона. Во 12. минута Кевин Лазања успеа да го доведе својот тим предност на „Олимпико“. Половина час подоцна, […]

„Реал“ на плус четири, титулата во Ла Лига се поблиску


„Реал Мадрид“ се доближува до 34-тата титула во Шпанија. „Кралскиот клуб“ се мачеше со „Гетафе“, но стигна до многу важна победа синоќа со гол на Серхио Рамос од пенал во 79-тата минута. Тоа е негов деветти гол оваа сезона во Примера. Трагичар на мечот беше Матијас Оливеира, кој непотребно го сруши Дани Карвахал. „Реал“ сега […]

Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош


Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи. Ваков тип на сигнализација, како што соопшти Општината, беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 (од влезот на улицата „Разловечко востание“ и од пристапот на ул. „Трифун […]

Премиер лига: „М. Сити“ го декласира шампионот „Ливерпул“ со 4:0


Манчестер Сити синоќа го победи Ливерпул со 4:0 и испрати сериозна порака до „црвените“ за следната сезона. „Граѓаните“ тотално доминираа и можеа да ги победат „црвените“ уште посериозно, откако тие имаа низа пропусти. Сепак, избраниците на Гвардиола му покажаа на противникот дека разликата помеѓу двете екипи во пласманот е навистина нереално голема. Кевин де Бруин, […]

Санкционирани 470 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие


Во текот на изминатото деноноќие полицијата на територијата на државата регистрирала 470 прекршување на мерката за носење заштитна маска на лицето за заштита од корона вирусот. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Втора жртва со корона вирус во Тиквешко


Регистрирана е втората жртва со корона вирус во Тиквешко. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, утринава за МИА потврди дека починало 56 – годишно лице од Неготино, кое претходно се лекувало неврохируршки во Скопје, а било позитивно на Ковид-19. Пред извесно време, во Кавадарци почина албански државјанин кој работел во земјава, а кој исто така бил […]

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од корона вирусот, но и од губење на работата


Пандемијата силно ја погоди медиумската индустрија во земјава. Новинарските куќи се принудени да носат тешки одлуки: Kој ќе остане, а кој ќе си оди? Новинарите, пак, се соочуваат со финансиски, психолошки, социјални, но и етички и професионални проблеми повеќе отколку пред пандемијата. Двајца медиумски работници досега ја загубија битката со коронавирусот, што покрај стравот за […]

Охрабрувачки вести од Ресен, оздравуваат и по цели кластери


Најголемото жариште што беше во фабриката „Агроплод“ е ставено под контрола. Нема веќе одење по гости по инфицирањето на семејната слава Спасовден. На улиците на Ресен речиси и не можат да се видат луѓе без маски   Анета Блажевска БИТОЛА – Охрабрувачки вести доаѓаат од Ресен за оздравени пациенти во последните денови од корона вирусот. […]

Бил Гејтс: Фејсбук е виновен за брзото ширење на коронавирусот


САД– Основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс го обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив. – Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и […]