Американец ја прекршил изолацијата, почина еден ден откако јавно се покаја


На средовечен камионџија од јужна Калифорнија (САД), му здодеала изолацијата поради корона-пандемијата и отишол на забава со скара во близина. По извесно време, јавно се покаја за тоа, и тоа еден ден пред да почине од коронавирусот.

Томас Марсијас (51) на 18 јуни дознал дека е заразен со вирусот. Потоа се покажало дека на собиранката што се случила две-три недели претходно, тој бил во контакт со асимптоматски заразено лице.

Томас на 20 јуни ја објавил својата исповед на Фејсбук: „Поради мојата глупавост, сега мојата мајка, сестрите и цело мое семејство се во опасност. Ова беше болно искуство. Со Божја волја, се надевам оти ќе го преживеам ова.“

Како што денеска пренесуваат западните медиуми, Томас Маријас починал утредента.