Во Германија бројот на жртви од Ковид-19 надмина 9.000


Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Германија во изминатото деноноќие забележа раст од 446, соопшти германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох.

Во Германија вкупно 195.674 се инфицирале со Ковид-19.

Додека во изминатите 24 часа во Германија од последици од новиот корона вирус починаа девет лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 9.003.