Директорката на кумановската болница позитивна на корона вирус


Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева е позитивна на корона вирус, јави порталот Кумановски муабети.

Информацијата самата ја сподели на социјалните мрежи, при што истакна дека без маска во изминатите пет месеци била само дома, но нејзиниот имунитет поради премореност попуштил.

– Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, 5 месеци работа – дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се, напиша таа на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10213679275695987&id=1827564213

Тестот и бил направен вчера напладне во лабаротаријата на МАНУ.

Тест денеска ќе направи и нејзиниот син Мартин Захариев кој инаку е претседател на подмладокот на СДСМ во Куманово.

– Изминативе 2 дена немавме директни контакти бидејќи од моментот кога ги почуствува симптомите, таа се замоизолираше и немавме директен близок контакт! Немам никакви симптоми, денеска ќе бидам тестиран, и се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, вели тој.