Санкционирани 470 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на територијата на државата регистрирала 470 прекршување на мерката за носење заштитна маска на лицето за заштита од корона вирусот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.