Руте: Италија следниот пат сама да ги решава своите проблеми


 

„Ние сме за солидарност, но не во вид на неповратна помош, туку кредит“, го повтори ставот на холандија премиерот на оваа земја Марк Руте.

Додаде дека следниот пат кога италија ќе се најде во ситуација, како оваа по пандемијата, мора да биде подготвена сама да ги решава своите проблеми.

„Помош во вид на кредит за земјите како Италија и Шпанија е пологична, и анализите на европската Комисија потврдуваат дека двете земји најмногу погодени од кризата по пандемијата од Ковид-19, може да издржат нови задолжувања“, рече холандскиот премиер, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Неговите зборови предизвикаа остри реакции кај сите италијански партии, без оглед на идеолошката ориентација, пишува магазинот „Јуропо Тудеј“.

Премиерот Џузепе Конте во свој стил одговори дека Италија ќе се извлече од кризата и дека се бараат начини.

Весникот потсетува дека земјите од ЕУ договориле дека на Италија по пандемијата ќе ѝ помогнат со 750 милијарди евра неповратна помош.

Зборотвите на холандскиот премиер потврдуваат дека меѓу земјите од Европската Унија и понатаму постои цврсто единство за начинот на помош за земјите погодени од пандемијата со корона вирус, за што конечната одлука треба да се донесе на состанокот на премиери, закажан за 18 јули.

Магазинот шпекулира дека претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен ги повикала земјите на ЕУ на сподготвителен состанок, следната недлела, за да го осигура нивното единство во одлучувањето на претстојниот состанок на шефови на Влади.