„Реал“ на плус четири, титулата во Ла Лига се поблиску

„Реал Мадрид“ се доближува до 34-тата титула во Шпанија.

„Кралскиот клуб“ се мачеше со „Гетафе“, но стигна до многу важна победа синоќа со гол на Серхио Рамос од пенал во 79-тата минута. Тоа е негов деветти гол оваа сезона во Примера.

Трагичар на мечот беше Матијас Оливеира, кој непотребно го сруши Дани Карвахал.

„Реал“ сега има четири бода повеќе од „Барселона“ на пет кола до крајот, и нема тежок распоред.

Гостува на „Атлетик Билбао“, „Гранада“ и „Леганес“ и ги пречекува „Алавес“ и „Виљареал“.

Му помага и лошата форма на „Барселона“, која во последните пет кола три пати оди на гости („Виљареал“, „Ваљадолид“ и „Алавес“), а на домашен терен игра против „Еспањол“ и „Осасуна“.