Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Општа болница во Гостивар


ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000,00 евра од страна на автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава. Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски […]

Сопственикот на „Еколог“ премиерски адут на Ахмети?


Сопственикот на компанијата „Еколог“, Љазим Дестани е кандидат на ДУИ за првиот премиер Албанец, пренесува порталот Ина.  Од партијата на Али Ахмети сепак велат дека официјално не е разговарано за имиња на кандидати за прв премиер Албанец, туку дека станува збор за концепт. Инаку одамна е позната практиката на ДУИ на функции да поставува членови […]

Израелски тим докажа како корона вирусот го оштетува срцето


Со конфузијата низ целиот свет во врска со тоа како Ковид-19 му штети на срцето, израелски кардиолог вели дека ја составил најјасната слика до денес. Болеста предизвикува уникатна шема на оштетување на десната страна на срцето, што се јавува кај двајца од секои пет хоспитализирани пациенти, според тим предводен од д-р Јишај Секели од Медицинскиот […]

Шведска откри кој го убил премиерот Улоф Палме


Шведското обвинителство денеска соопшти дека премиерот Улоф Палме во 1986 година го убил Стиг Енстром, кој во меѓувреме извршил самоубиство, поради што завршува повеќедецениската истрага. – Лицето е Стиг Енгстром. Со оглед на тоа што е мртов, не можам да поднесам обвинение против него и одлучив да ја затворам истрагата, изјави обвинителот Кристер Петерсон. Енгсром […]

Профил на даночните обврзници: Младите би плаќале повисоки даноци, но не во Македонија


Повисоко ниво на даночен морал имаат повозрасните лица над 55 и над 65 години, а подисциплинирани за доброволно исполнување на даночните обврски се лицата од женски пол, покажува студија што ја изготви Центарот за економски анализи   Младите на возраст од 18 до 24 години би плаќале повисоки даноци, но да живеат и тоа да […]

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19. -Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6-ти месецов, кога е потврдено дека е […]

Речиси 600 починати во еден ден во Мексико од корона вирус


  Мексиканското министерство за здравство соопшти дека во земјата потврдени се уште 4.199 случаи на корона вирус и уште 596 смртни случаи. Со тоа вкупниот број заразени во Мексико достигна до 124.301, а од последиците на ковид-19 починаа вкупно 14.649 луѓе, пренесе Ројтерс. Владата соопшти дека бројот на заразени е значително поголем од официјалните податоци.

Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на јуни


Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Ова го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот. – Мора да се навикнеме да живееме со овој вирус, рече Борисов. Главниот   државниот санитарен инспектор,   Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради […]

Ресен – градот кој е имун на корона вирусот (дпл)


Дисциплината, почитувањето на мерките на здравствените власти и менталитетот на жителите се клучот што во Ресен и целата Преспа досега нема ниеден заболен од Ковид-19   Анета Блажевска Битола – Дисциплината на преспанци, координираната и добрата организација на локалната власт со полицијата и инспекциите – изгледа дека тоа е формулата што во Ресен во изминатите […]

Федерер ќе го пропушти остатокот од сезоната, Ѓоковиќ размислува да не оди на УС опен


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави дека нема да настапи во 2020 година. – Драги обожаватели, се надевам дека сте здрави и безбедни. Пред неколку недели, кога наидов на проблеми, за време на закрепнувањето, морав да претрпам дополнителна артроскопска процедура на десното колено, напиша Швајцарецот на Твитер. Тоа значи дека Федерер најверојатно нема да игра цела […]

Спасовски: Државата вложи милијарда евра во патна инфраструктура


Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека државата вложила милијарда евра во патна инфраструктура и реализирала важни проекти. – Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, пишува Спасовски. Тој во продолжение ги наведува капиталните проекти. – Инвестирани […]

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто […]

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо


Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници. Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички. – Длабоко се извинуваме што им […]

Вашингтон гласаше за реформи во полицијата


Градскиот совет во Вашингтон едногласно ги одобри полициските реформи што ги бараа демонстрантите по убиството на Џорџ Флојд и усвоените измени ќе важат 90 дена. Ќе се бара второ гласање за натамошно продолжување. Според „Вашингтон пост“, новите измени вклучуваат, меѓу другото, забрана за полицијата за употреба на задушувачки зафати за време на приведување како и […]

„Адидас“ вети 30 отсто од нововработените во САД да бидат црнци и Латиноамериканци


Производителот на спортска опрема „Адидас“ соопшти синоќа дека 30 проценти од сите нови вработувања во САД ќе бидат црнци или Латиноамериканци, во момент на протести против расизам, што ја потресоа државата речиси две недели. „Настаните во изминатите две недели предизвикаа сите да размислиме за тоа што можеме да сториме за да се спротивставиме на културните […]

Во Германија приведени 11 луѓе поради сомневање за злоставување деца


По истрагата во германскиот град Минстер полицијата уапси 11 осомничени под сомнение за сексуална злоупотреба на деца.Според  германски медиуми, досега се идентификувани три жртви. Инспекторите, наводно, со месеци „пребарувале“ докази за да се запре злоупотребата на малолетни лица, а се претпоставува дека постои организирана педофилска мрежа. Едно момче, на возраст од околу десет години, често […]

Димитров во Белград на разговори со Дачиќ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, денеска ќе оствари работна посета на Република Србија. Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји. На […]

Германија ќе забрани влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август


Германија – До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување  граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавија неименувани извори од германската Влада. Тие нагласија дека таа одлука се очекува да биде објавена денеска. Според нив, Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од […]

СЗО се коригира: Асимптоматските случаи го пренесуваат Ковид-19


Студиите кои ги анализирала Светската здравствена организација покажуваат дека лицата со коронавирус се најзаразни во моментот кога за првпат ќе ги почувствуваат симптомите на болеста Водечката експертка на Светската здравствена организација денеска ги расчисти „недоразбирањата“ по вчерашната изјава која беше сфатена како сугестија дека асимптоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот. Марија Фан Керкове, која ја […]