Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптеки низ државата


Согласно новиот начин на електронско пропишување на лекови за хроночна терапија, пациентите можат да ги подигнат своите лекови во која било аптека на целата територија на државата, информираат од Здружението на приватни аптеки. – Подигањето на терапијата пациентите можат да го извршат со приложување на документ за лична идентификација или здравствена книшка/картичка, се наведува во […]

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери


Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител „Молок“ кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. „Никола […]

Чаир со најголем број активни случаи со Ковид-19, следат Бутел, Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош


Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи…, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче […]

Владата денес ќе решава дали мерката 14.500 денари ќе продолжи и во јуни


Владината мерка 14.500 што важеше за април и мај постои можност да важи и за јуни по истите критериуми. Предлог уредба е изготвена и таа треба да се разгледа на денешната владина седница,најави министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција. -Интенцијата на Владата е да го  помогне стопанството и економијата. Случувањата, анализите и очекувањата  […]

Акцизата за екстра лесното гориво ќе се зголемува во период од 18 месеци?


Анализата за екстра лесното горива е во завршна фаза. Се очекува финална проверка и таа да биде објавена, ако е можно и додека трае вонредната состојба. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска на прес-конференција, додавајќи дека ова е прашање што долго време се провлекува и се дискутира, но дека се работи за […]

Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89


Во последното деноноќие од последиците од Ковид-19, во земјава починаа седум пациенти, меѓу кои и жена на возраст од 46 години, од Тетово. Другите жртви се на возраст од 54 до 87 години. Министерството за здравство соопшти дека регистрирани се и шест оздравени пациенти од Скопје, Прилеп и од Велес. Во последните 24 часа се […]

Кембриџ: Носењето маски може да го спречи вториот бран на Ковид-19


Англија– Британска студија покажа дека носењето заштитни маски кај поширокото население би можело да го намали ширењето на Ковид-19 до нивоа што можат да се контролираат, како дел од национална борба против епидемијата и, во комбинација со карантин, би можеле да спречат нов бран на пандемијата. Научниците од британските универзитети Кембриџ и Гринвич во студијата […]

Неделава почнува издавањето на домашната платежна картичка за над 324 илјади граѓани


Над 324 илјади граѓани почнувајќи од оваа недела, па се до 18 јули ќе ја добијат домашната платежна картичка со паричен износ кој ќе може да го искористат за купување на домашни производи до 15 август, најави денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска. Граѓаните од денес преку интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk ќе може […]

Преземени околу 1.000 апликациски пакети од инструментот за технолошки развој


Околу 1.000 апликациски пакети се досега преземени од домашни компании по објавувањето на јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19 на Фондот за иновации и технолошки развој. Фондот од денеска, како што соопшти, во соработка со неколку стопански комори ја почнува најавената  серија инфо сесии. Согласно новонастанатите услови тие се оддржуваат онлајн, […]

Чулев формирал ривалски синдикат во МВР


Македонскиот полициски синдикат ја повика Владата да го поништи, според нив, штетниот и противзаконски договорот што го потпишал министерот Наќе Чулев со новоформираниот синдикат, бидејќи е спротивен на член 46 од Законот за Влада и Колективниот договор на МВР. За овој потег на министерот тие ги известиле сите релевантни институции во ЕУ и во Макеоднија. […]

Супермоделот Бар Рефаели затајувала данок, но избегна затвор


Израел – Израелската манекенка Бар Рефаели и нејзината мајка потпишаа спогодба со Обвинителството во својата земја, со што прифатија вина за затајување данок. Сепак, супермоделот избегна затвор, па е осудена на девет месеци општокорисна работа. Heјзината мајка Ципи Рафаели е осудена на 16 месеци затвор. Таа како агентка на ќерка сѝ, одделно затаила милион долари данок. […]

„Херитиџ“: Македонија на 41. место во светот според економските слободи


Северна Македонија е рангирана на 41 место во светот на листата на Глобалните економски слободи во 2020 година изработена од Фондацијата „Херитиџ“, со седиште во Вашингтон. Според класификацијата, изработена врз основа на 12 критериуми, земјава има коефициент од 69,5 индексни поени што ја рангира на 41 место меѓу 180 земји во светот и на 23 […]

Јунаците од „Дајте музика“ со порака до учениците (видео)


Јунаците од серијалот подготвија големо изненадување за крајот на оваа необична учебна година: Додека ‘Старо маало’ е принудно празно, домовите и парковите нека бидат исполнети со позитивна енергија, креативност и добра македонска музика! Со максимално почитување на мерките за заштита и во услови на вонредно функционинрање, екипата од серијалот „Дајте музика“ успеа да склопи извонредна […]

Филмските Ем-ти-ви награди одложени на неодредено време


САД – Годинешните Филмски и ТВ награди на Ем-ти-ви беа одложени на неопределено време поради пандемијата на  новиот коронавирус, соопшти Контактмјузик. Додека некои церемонии се спроведуваат виртуелно, организаторите од Ем-ти-ви не сакаат да го следат тој пример. Има гласини, сепак, дека доделувањето би можело да се одржи во декември, и така да остане засекогаш. Настанот требаше […]

Ахмети како Мартин Лутер Кинг, бара остварување на албанскиот сон


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика денес сите албански политички партии да се обединат пред изборите и со тоа да застанат зад албанската национална кауза, а тоа е целосна рамноправност на Албанците во Македонија, така што ќе овозможат да се оствари сонот да ја освојат последната недостижна функција досега – премиер на државата. Јас […]

Оскаровецот „Одвеано со виорот” симнат од репертоарот на ХБО


САД– Американската стрим-платформа „ХБО Макс“ ја тргна филмската класиката „Одвеано со виорот”, поради спорната расна тематика во него. Имено, во филмот се прикажани „среќни робови“ од црната раса. Тој одамна е критикуван за романтизирањето на ропството во Америка во 19 век. ХБО сепак соопшти дека оскаровското остварување може да биде вратено на платформата, но придружено […]

Сметководителите се жалат на различно толкување на мерката 14.500 денари за исплата на плата


Во економска криза претприемачите треба силно да се поддржат, а не да се репресираат и казнуваат   Сметководителите денес побараа поголема координација меѓу институциите со цел да не се остава простор за слободно толкување на економските мерки и уредбите кои се спроведуваат во пракса. Од Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори апелираат за […]

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина


Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јави дописникот на МИА од Љубљана. Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите оние кои немаат или не се во […]

Во Кичево приведени четворица млади, по меѓусебна физичка пресметка


Кичевчани на првиот ден од неделава во центарот на градот меѓусебно физички се пресметувале, а по реакција на полициски службеник со предупредувачки истрел од пиштол  во воздух тие престанале и биле приведени. Како што информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, во полициската станица во Кичево, приведени се А.И.(22),Ф.Ч.(23),Ф.К.(18),А.К.(22), сите од Кичево. Тие на 8 […]

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Кoвид-19 не помагаат никому


Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски апелира пандемијата со Корона вирусот да биде оставена надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника, вели, е само на наша штета. -Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да […]