Потпишан меморандум за соработка за развој на системот на правдата за децата


Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Државниот завод за превенција на детското престапништво (ДЗПДП) и Комората за медијатори на Република Северна Македонија денеска потпишаа, меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата, соопштија од АСЈО. – Со меморандумот ќе бидат опфатени […]

Столтенберг за Хуавеј: Британската анализа за безбедноста на 5Г е важна


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Западот не може да го игнорира развојот на Кина и поради тоа е важно Велика Британија да ја разгледа улогата на Хуавеј во нејзината 5Г мрежа. Столтенберг истакна дека Кина му се приближува на Западот на многу начини – на Арктикот, во кибернетичкиот простор и во […]

СТО избира наследник на генералниот директор Роберто Азеведо


Светската трговска организација (СТО) покрена постапка за избор на нов генерален директор, кој ќе го замени Бразилецот, Роберто Азеведо, кој заминува од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот. Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа ќе биде спроведено за три месеци. Новиот генерален директор, […]

Спасовски во видео разговор со Трудо: Ковид-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори


Премиерот Оливер Спасовски денеска преку видео конференциска врска имал разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо при што двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во разговорот се заблагодарил […]

Димитров на средба со Дачиќ: Политичарите колку и да се трудат не можат да ги расипат односите меѓу Македонија и Србија


Во првата посета надвор од Македонија за време на корона кризата, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со српскиот колега Ивица Дачиќ во Ниш се заложија да понатамаошно градење на добрососедските односи за да може тие да бидат придонес за стабилноста на регионот. Според соопштението на МНР Димитров нагласил „дека имаме среќа што блискоста, врските […]

Хрватска со два нови случаи на корона вирус


По неколкудневна пауза без заболени од корона вирус, во Хрватска денеска беа регистрирани два нови случаи, јавуваат тамошните медиуми. Едниот е од Град Скопје, иако официјално од таму излегоа со информација дека нема заболени во главниот град. Сепак, како што јавува Индекс, Град Загреб ги регистрирал случаите до 12 часот, а Националното тело подоцна, кога […]

Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба


Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска. Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира […]

Докторка дошла да се породи на ГАК, а не кажала дека дома има заразен од Ковид-19


Докторка дошла на Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во Скопје во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека во семејството има позитивен на ковид-19. Откако вработените разбрале, таа ја напуштила Клиниката и отишла во приватна клиника да се пораѓа. И таму не […]

Верата посилна од државата и од короната !?


Додека десетици илјади луѓе излегоа од Скопје и градовите во полициски час, Владата го навлече револтот на православните верници поради забраната за посета на гробиштата на Задушница. Проблемот со верските празници и мерките против коронавирусот почна уште за Велигден, па со струшката литија, потоа со отворањето на џамиите од страна на ИВЗ, Рамазан Бајрам… Иако […]

Преодниот рок во македонскиот фудбал од 15 јуни до 31 август


Фудбалската федерација на Македонија објави дека согласно Одлуката на У. О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15 јуни и ќе трае до 31 август 2020 година. Во моментов нема одлука кога ќе почне новата сезона, но ако се подобри ситуацијата со коронавирусот, […]

Мерката 14.500 денари сочувала 80 отсто од високопогодените работни места, оценува „Фајнанс тинк“


Мерката за финансиска поддршка на работните места до 14.500 денари по работник за месеците април и мај 2020, надополнета со субвенционирањето на придонесите во висина од 50 отсто кај најзасегнатите сектори во транспортот и угостителството, овозможила зачувување на околу 80 отсто од работните места кои биле високопогодени, и според тоа, било извесно дека ќе бидат […]

Западниот Балкан би требало да биде изземен од забраната за патување во ЕУ


Во наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија (ЕК) за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува таа да препорача изземање на земјите од Западниот Балкан од забраната за патување што ќе важи за третите земји, јавува дописничката на МИА од Брисел. Препораката на Европската Комисија до земјите членки […]

Цаца-Николовска: Има основа за ново обвинение против Дурловски


Основа да се покрене ново обвинение против Игор Дурловски по сведочењето на Александар Василевски – Нинџа има, но никој не верува дека тоа ќе се случи. Никој не очекува, исто така, Дурловски од морални причини да се повлече од местото носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица, откако Нинџа на сведочењето […]

Кон: Може да вратиме некои мерки, загрижува ситуацијата


Во Србија се зголемува бројот на новозаболени од корона вирус, па главниот епидемиолог Предраг Кон рече дека епидемијата не завршила, па може да се вратат некои мерки, како забрана за јавно собирање. Тој за „Блиц“ додава и дека ако дојде до втор бран, нема да има потреба од воведување вонредна состојба. Вчера, беа забележани 69 […]

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест


Томисаку Кавасаки, јапонскиот педијатар кој ја откри детската болест Кавасаки, почина на 96-годишна возраст, соопшти неговиот истражувачки центар. Кавасаки е ретка детска болест која предизвикува воспаление на крвните садови, што може да доведе до срцеви компликации, опасни по живот ако болеста не се лекува брзо. Томисаку Кавасаки првпат во 1961 година  забележал симптоми кај четиригодишник […]

Во Србија нови 66 случаи од Ковид-19, еден починат


  Според последните податоци, во Србија од последиците од корона вирус почина едно лице, а вирусот е потврден кај 66 луѓе. Во последните 24 часа тестирани се 5.015 лица, а корона вирусот е откриен кај 66 од нив. Активни се 432 случаи, а на респиратори се 14 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија од […]

СЗО: Во Африка регистрирани се над 200.000 лица инфицирани со Ковид-19


Во Африка вкупно се инфицирани повеќе од 200.000 лица, објави денеска регионалниот огранок на Светска здравствена организација. Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заразени луѓе во 54 држави на африканскиот континент изнесува 201.157, од кои 5.486 лица починале, а оздравеле 90.374 луѓе. Најголем број на заразени  има во Јужна Африка – 59.991 лица, […]

(Галерија) Одбележан денот на воздухопловниот Винг: Денешниот ден покажа што значи да се биде членка на НАТО


Со прелет на авиони на НАТО од Грција, како и со демонстрација на летечките капацитети на нашата Армија, денеска беше одбележан Денот на воздухопловниот Винг. „Денешниот ден покажа што значи да се биде членка на НАТО. Тоа значи да ги имате НАТО воздухопловите, во случајов од воздухопловните сили на Грција, да го чуваат и да […]

Најдоцна утре нови протоколи за хотелите и угостителите


Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, смета министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, според него, крајниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести. Бектеши денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информира дека до крајот на денов […]

Бектеши: Нови 20 милиони евра помош за инвестиции и зголемување на ликвидноста


На приватните компании кои продолжиле да работат за време на коронавирусот и да инвестираат во нивниот раст и развој, подобрување на конкурентноста и модернизација на процесот на производство ќе им бидат достапни 20 милиони евра како дополнителна државна помош за да се зголеми нивната ликвидност и да им се овозможи да започнат нови инвестиции. За […]