Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89


Фото: Б. Грданоски

Во последното деноноќие од последиците од Ковид-19, во земјава починаа седум пациенти, меѓу кои и жена на возраст од 46 години, од Тетово. Другите жртви се на возраст од 54 до 87 години. Министерството за здравство соопшти дека регистрирани се и шест оздравени пациенти од Скопје, Прилеп и од Велес.

Во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира шест оздравени пациенти.

– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:
•       Чаир- 195
•       Бутел- 72
•       Центар- 71
•       Аеродром- 67
•       Гази Баба- 66
•       Карпош- 64
•       Сарај- 58
•       Кисела Вода- 39
•       Ѓорче Петров- 26
•       Студеничани- 24
•       Арачиново- 24
•       Шуто Оризари- 21
•       Илинден- 19
•       Петровец- 6
•       Чучер Сандево- 3
•       Сопиште- 2
•       Странец- 2.