Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19.

-Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6-ти месецов, кога е потврдено дека е позитивен, пишува на Фејсбук Чулев.

Последната негова средба со ова лице била на 24-ти минатиот месец. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.