Пад на цените на нафтата на светските берзи, првпат по шест недели


Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска благо се зголемија, но неделава се очекува првпат да паднат, по шест недели раст, заради стравувањата од побарувачката во случај на втор бран од заразата со коронавирусот. Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар денеска  се зголеми за 20 центи или 0,52 проценти во однос на претходното […]

Како познат француски готвач го преуреди ресторанот во ковид безбеден


Францускиот суперготвач Ален Дукас користи систем за вентилација, сличен на оние во болниците, за повторно да го отвори еден од неговите париски ресторани. Дукас, чии ресторани имаат 17 ѕвезди на „Мишелин“ – најмногу од кој било готвач во светот – инсталира софистициран систем во неговиот историски ресторан „Алар“ во областа Сен Жермен де Пре во […]

Скопје има фонтана за освежување, не за парички (галерија)


Деца од вчера ја отворија сезоната на капење во фонтаната во центарот на Скопје која прерасна во своевидна атракција меѓу Скопјани и странските туристи. Фонтаната со години наназад во лето, напролет или наесен служи или за освежување или за украс, во неа не се фрлаат парички како во познатата фонтана Треви во центарот на Рим, […]

Министрите на ЕУ – што поскоро да се најде вакцина против Ковид-19 и таа да стане достапна за сите


Европските министри за здравство денеска  се согласија дека е важно што поскоро да се најде вакцина против Ковид-19 и да се обезбеди нејзината најширока достапност,  соопшти хрватското претседателство на ЕУ. Министрите на денешната видео конференција го поздравија предлогот на Европската комисија (ЕК) за воспоставување на новата програма EU4Health, што треба да ги зајакне здравствените системи […]

Грција на 1 јули ќе ја отвори границата со Македонија, но само преминот Евзони


Копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. -Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување […]

Почина самохрана мајка на Филипините – чекала автобус кој не дошол поради пандемијата


Смртта на самохрана мајка од Филипините, која починала за време на строгите мерки за заштита од пандемијата со денови чекала автобус за да се врати дома, предизвика гнев кај граѓаните и ја поттикна владата дополнително да размисли како правилно да постапи со работниците кои останаа без работа и можност за превоз во текот на пандемијата. […]

Кели Кларксон се разведува по 7 години брак


САД- Кели Кларксон (38) се разведува од својот сопруг Брендон Блексток (43) по 7 години брак. Според извештајот на „Бласт“, поп-ѕвездата поднела барање за развод во судот во Лос Анџелес на 4 јуни. Досега ниту Кели ниту Брендон не зборувале во јавноста за можен развод. Двојката стапи во брак во 2013 година, и има две […]

На Берзата достапни за тргување 152 државни обврзници


На Македонската берза во моментов се достапни за тргување 152 обврзници од кои 114 се со девизна клаузула, а 38 се издадени во денари. Со цел да го стимулира и да го олесни тргувањето со овие хартии од вредност, Берзата вчера на нејзината интернет страница објави детален преглед за сите котирани обврзници, за нивните карактеристики, […]

Адеми: Подготвени сме за почеток на идната учебна година во сите околности


Образовниот систем е подготвен за секое сценарио и да обезбеди продолжување на наставата за идната учебна година – дали преку онлајн-настава или во училниците, изјави денеска министерот за образование и наука по посетата на гостиварското село Дебреше каде што се гради нова спортска сала. Адеми посочи дека во министерството биле направени сите подготовки кои ќе […]

Индустријата во еврозоната достигна најголем пад во април


Индустриското производство во еврозоната забележа во април најголем пад, достигнувајќи го дното, бидејќи поради пандемијата на новиот коронавирус во целиот регион беше прекината производствената активност, покажуваат денеска објавените статистички податоци на Евростат. Според податоците, индустриското производство во 19-те земји членки на монетарниот блок се намалило за 17,1 процент во април на месечно ниво, а на […]

Заразени 73, а нема починати денеска во Србија


Во последните 24 часа регистрирани се нови 73 случаи на зараза со Ковид-19, а нема починати во соседна Србија. Ова е повторно благо зголемување на бројот на заразени за разлика од вчера кога имаше 71 нов случај. Вкупниот број регистрирани случаи е 12.175, а до сега починаа 252, објавени е на порталот covid19.rs. Досега тестирани […]

И Наќе Чулев против одлуката на Пендаровски


Веднаш по прес-конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше побарано од претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, на Фејсбук се огласи и техничкиот министер за вантрешни работи, Наќе Чулев, каде во голема мерка ги повтори сличните ставови на Игор Јанушев. Тој го анализира обраќањето на Пендаровски и се сомнева оти одлуката […]

Вучиќ: Младите мора да соработуваат со првите соседи


Српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи се на онлајн панел-дискусијата „Економски форум на Делфи“ за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мерка го цени пријателството на трите држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, кои се на патот кон ЕУ и дека многу ја цени тешката, посветена работа на комесарот за проширување Оливер […]

Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања


Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат во почетокот на јули. – Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер. Натаму […]

Холивуд во услови на корона: Без љубовни сцени, борби и актерите да молчат


САД- Со строги мерки на претпазливост и листа на правила што мора да се почитуваат од сите присутни на сетот, во Лос Анџелес од денеска продолжува филмската и ТВ продукција што беше паузирана поради пандемијата на COVID-19 Variety објави дека протоколот за рестартирање на снимањето налага сите присутни на сетот да носат заштитни маски за лице, а […]

Антикорупциска ќе истражува дали Анѓушев сам си дал државна помош


Антикорупциската комисија му порача денес на сменетиот реис Сулејман Реџепи дека никој не е над законот и дека го отфрлаат спорењето на нивната надлежност  од страна на  Исламската верска заедница, заедно со тврдењето дека со истрагата се урива нивната автономија. Нури Бајрами од ДКСК порача дека, покрај тоа што од ноември минатата година има кривична […]

Сопругата на украинскиот претседател позитивна на корона


Олена Зеленска, сопруга на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Фејсбук објави дека била тестирана позитивна на корона вирусот. Нејзиниот сопруг и двете деца биле негативни. „Денеска јас добив позитивен тест на корона вирусот. Неочекувана вест. Особено што јас и моето семејство се придржуваме до сите правила – маски, нараквици, минимум контакти“, напиша таа на […]

Пендаровски во 18,30 часот ќе се сретне со Заев и Мицкоски


Кабинетот на претседателот на државата штотуку објави дека попладнево во 18,30 часот Стево Пендаровски ќе одржи средба со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран заев и Христијан Мицкоски. Оваа средба тој посредно ја најави за време на обраќањето, кога објави дека нема да прогласи нова вонредна состојба и дека е многу важно да се постигне […]

На Копакабана – симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил


Бразил – Симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил, осамнаа на можеби најпознатата бразилска плажа – Копакабана, во Рио де Жанеиро. Пред легендарниот хотел „Копакабана палас“ во песокот беа ископани 10 реда дупки. Пред секоја се наоѓаше црн крст со бразилското знаме. „Ова е протест против низата грешки што ги направи Федералната влада во справувањето со […]

Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за Северна Македонија


Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување. Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување […]