Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања


Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат во почетокот на јули.

– Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер.

Натаму тој во друга објава наведува дека одржувањето на изборите е неопходен следен чекор.

– Одржувањето на изборите (под строги хигиенски стандарди) е неопходен следен чекор. Датумот е одреден согласно законот. Сите партии да се договорат за куса и фер изборна кампања. Тактички препукувања за датуми итн., се штетни за демократијата, наведува Шидер на својот Твитер профил.