Пендаровски во 18,30 часот ќе се сретне со Заев и Мицкоски


Фото: Б. Грданоски

Кабинетот на претседателот на државата штотуку објави дека попладнево во 18,30 часот Стево Пендаровски ќе одржи средба со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран заев и Христијан Мицкоски.

Оваа средба тој посредно ја најави за време на обраќањето, кога објави дека нема да прогласи нова вонредна состојба и дека е многу важно да се постигне консензус околу датумот на одржувањето на изборите.