Кели Кларксон се разведува по 7 години брак


САД- Кели Кларксон (38) се разведува од својот сопруг Брендон Блексток (43) по 7 години брак. Според извештајот на „Бласт“, поп-ѕвездата поднела барање за развод во судот во Лос Анџелес на 4 јуни.

Досега ниту Кели ниту Брендон не зборувале во јавноста за можен развод. Двојката стапи во брак во 2013 година, и има две двеца – ќерката Ривер Роус, (5) и синот Ремингтон Александар (4).

Двојката го ставила на продажба својот дом во Калифорнија минатиот месец, за нешто помалку од 10 милиони американски долари, додека Кели исто така ја продава нејзината куќа покрај езеро во Тенеси од декември 2019 година.

Брендон од бракот со претходната сопруга Мелиса Ешворт ги има и синот Сет (13) и ќерката Савана (17).