„Версаче“ за крај : Боки 13 знае „се што сјае не е злато“


Чантата „Луј Витон“ полна со пари го пикна во затвор, ама шоуменот Боки 13, првоосомничен во случајот Рекет денес за пресудата во Врховен суд избра шамија „Версаче“ како моден детал на класичниот изглед, сив комплет и мокасинки од превртена кожа во боја на старо злато, без чорапи. Доби висока казна-9 години затвор ама високи беа […]

Уапсен Фикрет Абдиќ, началник на општината Велика Кладуша


Припадници на Федералната полициска управа (ФУП) денеска го уапсија началникот на Велика Кладуша, Фикрет Абдиќ, објавија босанските медиуми.Тој е уапсен по претрес во зградата на општината. Станува збор за акција со име „Мрежа“, чија цел се неколку вработени во таа општина поради сомневање за злоупотреба на положбата. Фикрет Абдиќ беше избран за началник на Велика […]

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски


Министерството за образование и наука информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 кои, согласно Конкурсот, беше утврдено дека треба да се поднесуваат од учениците преку интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk. – Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување […]

Околу 500 медицински работници починале во Русија од корона вирусот


Околу 500 руски медицински работници починале од Ковид-19, соопштија набљудувачи на Росздравнадзор, јави Би-Би-Си. Споредено со минатомесечниот биланс од 101 починат медицински работник, во јуни се регистрира голем пораст на смртноста кај медицинскиот персонал. Началничката на „Росздравнадзор“, Аља Самоилова, истакна дека проблемите во дистрибуцијата на заштитна опрема значително влијаат на толку висока стапка на смртност. […]

Најмалку 130.000 починати од корона вирус не се евидентирани во светот


Најмалку 130.000 луѓе ширум светот починале од Ковид-19, а никој тоа не го евидентирал, јави Би-би-си. Според прелиминарната евиденција од Ковид-19 во 27 земји, може да се заклучи дека постои голем број смртни случаи кои не се заведени како последица на инфекцијата од корона вирус, но нивниот број сепак далеку го надминува вообичаениот, просечен број […]

Во Скопје 1507 активни случаи, најмногу во Чаир 336


Од регистрираните нови 182 случаи со Ковид-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи. Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа […]

Пронајдени 142 мигранти во товарно возило


Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, осомничени за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 10.06.2020 околу 05,40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, соопштија денеска од МВР, било забележано товарно возило […]

Со родилката лекарка сега ќе се занимава МВР


 Завршен е Инспекцискиот надзор поврзан со родилката – лекарка која што се породи на Гинеколошко – акушерската клиника, а која криела контакти. Понатму тој преминува во надлежност на МВР, истакна денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова. -Во тек на истиот ден кога ја добивме информацијата дека родилката која беше […]

Јанушев најавува комплетно различна кампања


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува фер и демократска кампања за претстојните предвремени парламентарни избори, и најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега. -Очекуваме фер и демократска кампања, иако целокупната јавноста беше и е сведок на начинот на кој СДСМ и Заев се обидуваат да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Има тронка надеж […]

Србија регистрира 94 нови случаи од корона вирус, еден починат


  Во последните 24 ласа, во Србија почина едно лице од последиците на корона вирусот, а заразени се нови 94 луѓе, два помалку од вчера. Податоците се објавени на covid19.rs. Вкупно до сега регистрирани се 12.616 на заразени од корона вирусот, а има 258 смртни случаи. Процентот на смртност е 2,04 отсто. Досега се тестирани […]

Кабелските оператори се закануваат со телевизиски мрак


Од 21 јуни делумно, а од 8 август целосно исклучување на програмите на странските телевизии, најавуваат кабелските оператори. Бараат алтернативи за да не се случи телевизиски мрак. Владата бара решение во рамки на АВМУ Од 21 јуни делумно, а од 8 август целосно исклучување на програмите на странските телевизии, најавуваат кабелските оператори незадоволни од последните […]

Корона вирусот во Мексико ја спречува борбата против наркокартелите


Пандемијата на корона вирусот се заканува да ја запре борбата на Мексико против некои од најопасните наркобанди, затоа што полицајците и службениците се повеќе се разболуваат. Моќниот картел „Халиско“ и неговите ривали ги користат ослабените безбедносни сили за да ја интензивираат борбата за контрола врз трговијата со дрога во Мексико, тврдат безбедносни службеници и аналитичари. […]

Нови 182 случаи, шест починати, оздравеа 33


Нови 182 случаи на корона вирус и шестмина починати, регистрирани се во последните 24 часа во Македонија. Скопје сѐ уште води со 107 нови случаи. Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 107 – Куманово 14 – Штип 4 – […]

Европарламентот бара итна реакција од белгиската Влада поради полициска бруталност


Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, испрати писмо до белгиската премиерка, Софи Вилмес, откако вчера европратеничка со африканско потекло обзнани дека била жртва на полициска бруталност во Брисел поради бојата на нејзината кожа, јави дописничката на МИА од Брисел. Германската пратеничка Пјерет Херцбергер Фофана, по потекло од Мали, на пленарната седница во Европскиот Парламент посветена […]

Седум илјади луѓе ставени во карантин во Германија поради брзо ширење на корона вирусот


Во западната покраина на Германија, Северна Рајна Вестфалија, околу 7.000 луѓе се сместени во карантин, а училиштата и градинките се затворени по избувнување на корона вирусот. Се верува дека ширењето потекнува од „Тониес“, фабрика за преработка на месо во Реда-Виденбрук, каде има 657 потврдени случаи на вирусот. Мартин Хикел, градоначалник во квартот Нојкелн во Берлин, […]

Сотирова – Бухова: Од кластерот „Свадба“ има само 14 позитивни и ниту еден контакт


Министерството за внатрешни работи (МВР) помага кога не можеме да доставиме одредени решенија, но сега веќе ќе мора тоа да се решава и на друг начин, а дали МВР постапува по однос на големите прашања Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и немора да добие одговор. Јавноста треба да добие одговор за случајот кластер „Свадба“, […]

Скандал во Брисел: Полицајци нападнаа членка на Европскиот парламент


Членка на Европскиот парламент, припадничка на германската партија на зелените Пјерeт Херцбергер Фофана, во центарот на Брисел ја нападнале полицајци. Информацијата ја пренесе дневникот весник „Република“, а веста е ударна во сите европски медиуми и се шири вирално по социјалните мрежи. Пјерте Херцбергер Фофана е по потекло од Мали, а вчера во центарот на Брисел […]

Викендов ќе се прска против комарци


На подрачјето на градот Скопје на 20 и 21 јуни (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во […]

За една недела 13 прекршувања на уредбите при транспорт на работници


Транспортниот инспекторат од 10 до 16 јуни, при 274 надзори, забележал 13 прекршувања на уредбите и протоколите, од кои три кај посебен меѓуопштински линиски превоз кој се врши за вработени во правни лица во Општина Штип и уште по едно прекршување кај посебен меѓуопштински линиски превоз за вработените во правни лица во Кавадарци и во […]

Помалите партии бараат рамноправен пристап на парламентарните избори


Кодексот за фер и демократски избори во пресрет на претстојните парламентарни избори 2020 денеска го потпишаа и претставници на помалите партии и коалиции. Тие побараа дел од парите за политички партии што се на располагање на оние што освоиле најмногу гласови на последните избори, а од медиумите побараа порамноправно претствување. Адвокатот Александар Тортевски од новата […]