Најмалку 130.000 починати од корона вирус не се евидентирани во светот


Најмалку 130.000 луѓе ширум светот починале од Ковид-19, а никој тоа не го евидентирал, јави Би-би-си.
Според прелиминарната евиденција од Ковид-19 во 27 земји, може да се заклучи дека постои голем број смртни случаи кои не се заведени како последица на инфекцијата од корона вирус, но нивниот број сепак далеку го надминува вообичаениот, просечен број на починати кои не се доведуваат во врска со Ковид-19, ниту со некоја друга вонредна причина.
Овој феномен се нарекува „вишок смртност“, односно тоа е број на смртни случаи кој го надминува просечниот број починати во некоја земја.