Седум илјади луѓе ставени во карантин во Германија поради брзо ширење на корона вирусот


Во фабриката за преработка на месо „Тониес“ заразени се 650 работници од корона вирусот

Во западната покраина на Германија, Северна Рајна Вестфалија, околу 7.000 луѓе се сместени во карантин, а училиштата и градинките се затворени по избувнување на корона вирусот.

Се верува дека ширењето потекнува од „Тониес“, фабрика за преработка на месо во Реда-Виденбрук, каде има 657 потврдени случаи на вирусот.

Мартин Хикел, градоначалник во квартот Нојкелн во Берлин, изјави дека властите се обидуваат да го пронајдат потеклото на загрижувачкото ново ширење на вирусот таму, што досега зарази околу 70 локални жители.

Полицијата чува седум соседни станбени блока, во кои над 370 домаќинства, од кои многу живеат во многу тешки услови, во моментот се наоѓаат во карантин.

Хикел рече дека инцидентите се многу загрижувачки, не само затоа што „сè уште не го знаеме целиот степен на тоа“, изјави тој за „Шпигел“ во интервју.

Хикел рече дека социјалните работници им помагаат на семејствата, информирајќи ги за важноста на карантинот и помагајќи им каде е можно. Група на локалното население формираше мрежа на волонтери, обезбедувајќи им на засегнатите жители пакувања со храна и играчки и пазаруваа за нив.

Хикел рече дека многу од оние што се во карантин се ромски семејства „кои веќе секојдневно се борат да преживеат“ и за кои сегашната состојба е „катастрофа“.

Се верува дека ширењето може да се случило за време на верски собир, веројатно на пикник, организиран од црквата. „Докажано е дека пандемијата е сè уште многу жива“, рече Хикел.

Најновиот скандал во фабриката за преработка на месо, која беше затворена од властите, е еден од неколкуте слични инциденти во изминатите неколку недели, кој фрла светло на несигурните услови за работа на голем дел од работниците во индустријата, главно од јужна и источна Европа, живеат во блиски простории и редовно патуваат во големи групи за да ги посетат своите семејства особено во Полска, Романија и Бугарија. Освен загриженоста за здравјето на работниците, епидемиите предизвикаа обновена дебата за месната индустрија, покрај раширените повици за подобрување на стандардите, вклучително и подобри плати и воведување на политика за минимална цена за месото, особено во супермаркетите.

Видео поставено на ЈуТјуб пред еден месец, од групата Arbeitsunrecht (Неправедна работа) наводно прикажува работници на „Тониес“ кои седат во кантината рамо до рамо, иако шефовите на компанијата инсистираа дека се придржуваат кон правилата за физичко дистанцирање.  (Гардијан)