Мисајловски настапува како жртва на политичко насилство, но ќе води кампања со „исправена кичма“


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 2 ја почна кампањата преставувајќи се како жртва на политичко насилство, но  решен и покрај тоа да води позитивна кампања. Според него, како на последните локални избори, така и сега непосредно пред кампањата за овие избори, нему и на […]

Фондацијата „Ставрос Ниархос“ со 6.9 милиони евра им се заблагодарува на лекарите во Грција за битката со Ковид-19


Грција – Практично, со 6.9 милиони евра, Фондацијата „Ставрос Ниархос“ одлучи да им се заблагодари на над 4.600 лекари, болничари и хигиеничари во болниците за Ковид-19 во цела Грција за нивната битка со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина. Од Фондацијата соопштуваат дека финансиската поддршка ќе биде еднакво распределена на сите вработени во Одделите […]

Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна


  Екипи на Инспекторат на Град Скопје навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба. Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопштија од Град Скопје. Имено, вчера преку социјалните мрежи се проширија фотографии и […]

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите


Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите. На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки […]

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово


Населбата Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2. Во рамките на […]

Богојески: Ќе бараме доказ за потекло на имотите


Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на „Македонски концепт“ на овие избори.Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на […]

Дрисла доби нов еколошки стерилизатор за медицински отпад


ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен […]

И новинарските организации со листа на барања до партиите


Со забелешката дека со години се забележуваат примери  на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, ЗНМ, ССНМ и СЕМ упатија јавно писмо до политичките партии прашувајќи ги сега пред изборите  „Што е за вас новинарството“, наведувајќи листа на нерешени прашања од кои зависи односнот на секоја власт кон слободата на медиумите. Во соопштениетот […]

Ношпал ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата, Надица Георгиева и Веда Евтимова во главните улоги


Модниот дизајнер Александра Ношпал и Е-продавницата МИТРА лансираат заедничка колекција под името „Ношпал Митра Limited Edition“ која ќе биде достапна ексклузивно на веб-страницата на продавницата. После долги години работа во театрите и балетите низ земјата и во странство, Ношпал се прилагодува на промените и ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата, креирајќи мини колекција во соработка со […]

Перу: 100 дена вонредна состојба, повеќе од 8.000 мртви


Министерството за здравство на Перу соопшти дека потврдени се уште 3.363 случаи на заразени со корона вирус, со што вкупниот број заразени достигна 260.810. Перу е на седмото место во светот по бројот на заразени со корона вирус. Од последиците на Ковид-19 починаа уште 181 пациент, па вкупниот број починати сега изнесува 8.404, наведува Си-ен-ен. […]

Антикорупциска ќе ги следи трансакциските сметки на партиите


Од Државната комисија за спречување на корупција ги потсетуваат политичките партии на одредбите од Изборниот Законик, кои предвидуваат одредени ограничувања во текот на изборната кампања. -По повод започнувањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието,  Државната комисија за спречување на корупцијата сака повторно да им укаже на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, […]

Лени Кравиц, тоа е стилот Ив Сен- Лоран


Франција- Со текот на годините, брендот „Ив Сен- Лоран“ внимателно негуваше врски со музичари – од „кралската“ листа до оние во подем и ги пополнуваше посакуваните први редови на своите ревии со ѕвезди од типот кој е кој од музичката индустрија . Поп-ѕвездата Лени Кравиц кој имаше незаборавен концерт и во Скопје, е стилската ѕвезда […]

Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”


Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион. -Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од […]

Акционерите на „Фершпед“ ќе поделат помала дивиденда за 2019 година


„Фершпед“ соопшти дека неговите акционери донеле одлука за 2019 година компанијата да исплати дивиденда од 550 денари по акција, што е значително помалку во споредба со дивидендата за минатата година која изнесуваше 1.780 денари. Компанијата информира дека за исплата на дивиденда ќе одвои 8,97 милиони денари од лански профит. „Фершпед“ лани оствари профит од 28,27 […]

Режимот победува, демократијата побледува – српски искуства


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Што политички ги привлекува и што ги одбива средните класи?  Политичкиот говор на доминантните партии во Србија, на СНС и на СПС, се покажа некомпатибилен со аспирациите на овие класи. Популизмот кон кој прибегнаа двете партии не е формула на граѓанската класа   Резултатите, оние изброивливите, од парламентарните избори во Србија минатата недела […]

Словенија размислува да врати некои од рестрикциите и повторно да ги отвори карантинските центри


Поради новите случаи на коронавирусот во земјата и регионот, Словенија размислува да воведе некои од рестриктивните мерки за граѓаните и повторно да ги отвори карантинските центри, јави дописникот на МИА од Љубљана. Портпаролот на Владата Јелко Кацин на редовната прес-конференција изјави дека не се работи за строги мерки, односно најверојатно повторно ќе биде мора граѓаните […]

Во грчките хотели ќе има соби за карантин за заразените


За евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 за кои не е потребно болничко лекување, во хотелите и туристичките објекти во Грција потребно е да постојат соби- карантин, согласно новата министерска одлука на министрите за финансии, за здравство и за туризам. Бројот на собите за изолација е во зависност од големината на хотелите и туристичките објекти. Ако […]

Од вчера продолжија да течат роковите за ИПАРД 2 програмата


Компанијата „Којаконеја“ е пример дека со користење на мерките и средствата од ИПАРД програмата сериозно се влијае на развојот не само на домашната економија и на модернизација на претпријатието, туку и на развојот на руралните средини и на отворање нови работни места. Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот […]

СДСМ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „Фејк њуз партија“


Лажни вести, деструкција, политикантство, лажен патриотизам и лажна загриженост за здравјето на граѓаните нуди фејк њуз партијата ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Нивната „Обнова“ е обнова на режим под палка на бегалецот Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ отворено се залага да ги врати мрачните времиња кога парите на народот завршуваа во нивните џебови, кога тие се богатеа […]

Хрватска најавува заострување на граничниот режим


Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација. – Ја следиме епидемиолошката ситуација во земјите од соседството и она што го регистрираме последните денови се инфекциите кои […]